„Македонија пат“ платил 2,6 милиони евра за казнени камати за една година
Објавено во: Економија 13 Август, 2025 07:50
Јавното претпријатие „Македонија пат“ за одржување на проодноста, сигнализацијата и рамнење на површината на автопатите и магистралните патишта во текот на минатата година има платено 2,6 милиони евра за казнени камати.
Вкупната платена сума на каматите по извршни решенија и самите извршни решенија е 181 милион денари, или околу 3 милини евра. Овој трошок е три пати поголем споредено со една година претходно, запишано е во извештајот за работењето на „Ј.П за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта“ за 2024, без да биде таму наведено на кого паѓа одговорноста за ваквото, ако може така да се нарече, ноншалантно работење.
- Останати финансиски расходи од работењето изнесуваат 181.013.972 денари и значајно се зголемени споредбено со 2023 година. Зголемувањето произлегува од зголемени трошоци, за камати (доставени каматни листи од страна на доверители за задоцнети исплати по фактури за извршени услуги и доставени материјали), запишано е во отчетот на едногодишното работење.
Од „Македонија пат“ признаваат дека имаат извршни судски решенија кои чекаат наплата во банките за 3,7 милиони евра.- Вкупно неизмирените обврски на Претпријатието изнесуваат 1.661.411.078,00 денари и истите во однос на минатата година се зголемени за 9,19 отсто. Обврските кон добавувачи се зголемени за 11,45 проценти. Истите вкупно изнесуваат 1.399.875.506,00 денари, од кои редовни се 1.172.766.072 а по извршни судски решенија кои чекаат наплата во деловните банки 227.109.434 денари. Обврски за неисплатени штети по извршни решенија имаат зголемување од 19,37 отсто, објавено е во извештајот.
Главното финансирање на јавното претпријатие дааѓа од ЈП „Државни патишта“, а еден дел од расходите во последно време се покрива директно од Владата.
Ако се гледа на позитивната страна, за пофалба е тоа што се намалени трошоците за надворешни услуги и остварена е добивка од 104 милиони денари со 730 врабтени.
- Услугите за одржување и заштита се намалени за 31,45% (редовни сервиси за ново набавени возила, ремонти и поспецифични поправки на застарената механизација и нејзино одржување во исправна состојба за кои нашите вработени-механичари не се во можност да ги сервисираат.
Услугите за зимска служба се намалени 25,48%, заради временски помала ангажираност на трети лица за зимска служба во пресметковниот период (Договорите се потпишани подоцна во однос на терминот предвиден Акциониот план за зимска служба.
Услуги од трети лица - значајно намалување (услуги за давање форма на знаци, рецептури за бази, ангажирање автодигалки, како и со мало учество се користените услуги од трети лица ангажирани во изведби на автопатите по позиции од Програмата, наведено е во отчетот.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




