19 Декември, 2025
0.0470

Македонија полуде! Колку милиони евра Македонците потрошија во „Зара“, „Масимо Дути“ и „Бершка“?

Објавено во: Економија 12 Април, 2019 07:32

Добивај вести на Viber

Како македонскиот пазар реагира и конзумира „тренди“ светски брендови? Резултатите се навистина импресивни. Очигледно дека Македонците лудуваат по моделите на “Бершка“, „Пул и Беар“, „Масимо“... и другите од продажната линија на „Индитекс“. Верувале или не, домашната фирма што ги застапува и дистрибиура на нашиот пазар лани од продажба инкасирала речиси 21 милиони евра

Македонецот е чуден ков, нема за леб ама за добро парче облека секогаш ќе најде. Животниот стандард и одалеку не е на завидно ниво, но брендовите на облека кои и не се баш ефтини, Македонецот не само што не ги заобиколува туку и сериозно ги преферира. Ваквиот наш став не се базира на слободна перцепција туку на анализа  која е добиена од бројките кои фирмата што тргува со овие брендови ги презентира пред државните институции.

Македонското застапништво на едни од најреномираните текстилни производители: „Зара“, „Бершка“, „Пол анд беар“ и „Масимо“ лани остварило приходи во износ од 20,84 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од скратениот исказ достапни во базата на Централниот регистар (ЦРМ).

Се работи за остварени приходи во малопродажба на текстилни брендови на кои можат да и позавидат и некои условно речено многу по атрактивни бизниси. Интересното е што трендот на зголемен промет не застанува тука, туку продолжува со забрзана динамика.

Имено, друштвото лани ги зголемило своите вкупни приходи за 3,3 отсто односно за 660.000 евра. Вкупните расходи на компанијата во овој период изнесуваат 17,19 милиони евра и во споредба со 2017 година бележат раст од 1,5 отсто односно за 250.000 евра.

Забележително исто така е дека со растот на приходите расте и бројот на вработени што секако е за поздравување и го потврдува фактот дека квалитетната работна сила и тоа како може да влијае врз приходната ставка, а со тоа и на крајниот резултат , добивката на компанијата.

Добивката на оваа компанија, што лани вработувала 100 луѓе односно 43 отсто повеќе од 2017 година, лани изнесува 3,26 милиони евра и е за 13 отсто повисока од профитот што компанијата го остварила во 2017 година.

Податоците од билансот на состојба покажуваат дека вкупната актива на друштвото на крајот на ланската година е 8,83 милиони евра и бележи раст од 4,1 отсто во однос на претходната година. Главнината и резервите на компанијата надминуваат 6 милиони евра.

„Зара“, „Бершка“, „Пул и Беар“, „Масимо Дути“, „Страдивариус“, „Ојшо“ и „Утерк“ се брендови кои на светско ниво ги продава „Инди текс“.


Да резимираме,  додека текстилни дуќани воглавно во текот на целата година се излепени со натписи „SALE“ , „конечна распродажба“, „попуст од 50%“, бројчаниците на фискалните каси на овие трговски компании вртат со забрзана динамика. Очигледно се работи за добра комбинација на пет битни  категории, квалитет, цена, маркетинг,  услуга и менталитет кој секогаш му дава за право на Македонецот да најде решение како да потроши повеќе отколку што заработува и истото да го оправда. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии