Македонија представена на Автомобилска конференција во Канада
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2013 14:30
Можностите за инвестирање во автомобилскиот сектор во Македонија беа представени на годишната конференција на асоцијацијата на Канадски Производители на Авто компоненти која се одржа од 5-6 Јуни во Виндзор, Канада.
Директорот на Технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо заедно со економските промотори од Монтреал и Детроит учествуваа на конференцијата каде Македонија беше присутна со национален штанд.
Како што соопшти соопштението Дирекцијата на ТИРЗ, за време на конференцијата покрај презентацијата на инвестициските можности во Македонија, беа остварени контакти и средби со најголемите канадски производители на авто-компоненти Magna International, Martinrea, Linamar, Valiant, Naemco Group, како и познати американски и германски компании од оваа индустрија.
- И покрај намаленото производство и продажба на возила на европскиот пазар, неколку компании изразија конкретен интерес, побараа подетални информации или најавија посета на Македонија со цел да ги анализираат потенцијалите за диверсификација и локализирање на нивното глобално присуство, стои во соопштението од Дирекцијата на ТИРЗ.
На конференцијата свои обраќања имаа високи представници од Крајслер корпорацијата, Форд и од Генерал Моторс кои ги презентираа светските трендови во индустријата и дадоа свои видувања за правецот каде ќе се движи секторот на среден и подолг рок.
Свои штандови за промоција исто така имаа Мексико, Тајланд, Јужна Кореа, Германија и Канада. Покрај присуството и средбите за време на конференцијата, ќе се остварат и дополнителни средби со неколку компании во Детроит со кои се водат преговори во напредна фаза за конкретни проекти и отпочнување на производство во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




