Македонија се приближува кон 20.000 активни случаи на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Март, 2021
Расте бројот на заболени во сите општини, а Македонија се приближува кон 20.000 активни случаи на коронавирусот.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262. Досега во земјата се направени вкупно 625.255 тестирања на Ковид-19. Скопје има 9.654 активни, Прилеп 1.078, Куманово 870, Тетово 611, Гостивар 489, Велес 696.
Денес две родилки починаа од компликации на коронавирусот.
Денеска почна вакцинијата со вакцините АстраЗенека.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.