МАКЕДОНИЈА ШЕСТА НА ЈУНИОРСКАТА ЕВРОВИЗИЈА - домаќинот Полска ја однесе победата
Објавено во: Стил 24 Ноември, 2019 18:59
17 - тата по ред Јунироска Евровизија започна и заврши спектакуларно, како што му доликува на еден музички настан од светски размери. Настапите на сите 19 земји учеснички изобилуваа со неверојатни сценски ефекти, но и самите деца се имаа многу потрудено достоинствено да ја претстават својата земја.
Нашата претставничка Мила Москов настапи под редниот број 4, застана сама на сцена и покрај видната трема, „Fire“ ја донесе на еден беспрекорен начин. Буквално ѝ покажа на Европа како се пее во Македонија. Повредата која ја имаше остана заборавена, а резултатот го потврдува тоа.
Имено, Македонија настапува 15 - ти пат по ред на овој музички настап. Оваа година од стручно жири на секоја држава освоивме 100 поени, а од публиката освоивме 50 и со вкупно 150 поени го освоивме шестото место.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





