15 Декември, 2025
0.1245

„МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА Е ПОДГОТВЕНА ЗА СЕКАКВИ СЦЕНАРИЈА“: Груевски анализира можна војна помеѓу ЕУ и Русија

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2025 11:07

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер и бегалец во Унгарија, Никола Груевски во долг фејсбук-статус предупредува дека светот, а особено Европа, влегува во фаза на опасна „воена мода“. Неговиот текст е фокусиран на најлошите можни сценарија – директен судир меѓу Европа и Русија, внатрешни потреси во САД, ризик од распад на ЕУ и нови конфликти на Балканот – и завршува со порака дека Македонија мора да биде подготвена за многу поцрно сценарио од она за кое денес зборуваме.

Според Груевски, веројатноста за војна меѓу Европа и Русија „веќе не е помала од веројатноста да не се случи“. Тој оценува дека ЕУ отворено се подготвува за можен судир со Русија – со планови за повторно вооружување, заеднички фондови за одбрана, зголемени буџети за оружје и создавање „воено-планска економија“.

Вели дека воена атмосфера и психоза се градат преку жестока реторика, враќање на регрутација, воени вежби, подготовка на скривници и јавно говорење за „веројатна војна“ во рок од неколку години, а Русија, од своја страна, реагира на најавите за ракети со долг дострел и потенцијално испраќање европски војници во Украина, како на директна закана и можен повод за поширок конфликт.

Во најцрното сценарио, како што го опишува тој, влегуваме во:

- директна војна Европа – Русија, со масовно испраќање европска војска во Украина;

- ризик од употреба на тактичко нуклеарно оружје, односно нуклеарни удари со „помал радиус“ на дејство, кои би можеле да ја сменат динамиката на војната, но и да ја отворат вратата за поширока катастрофа;

- стратешки пораз на Русија како цел на дел од западните актери – од враќање на украинските територии, до потенцијална смена на власт во Москва и дури сценарија за внатрешна дестабилизација и поделба на Русија.

Груевски предупредува и на обратната страна: дека вакви цели, ако навистина постојат, ја зголемуваат опасноста од радикален одговор од Русија и влез во спирала од која тешко има назад.

Смета и дека има ризик за ЕУ - распад, нови блокови и „европски конфедерации“

Во случај конфликтот да ескалира, тој предвидува и турбуленции во самата Европска унија. Според неговото сценарио, можни се длабоки разидувања меѓу земјите членки – особено меѓу источниот и западниот дел на ЕУ, ако тие што се „на првата линија“ почувствуваат дека плаќаат највисока цена, притисок од јавноста во некои држави да излезат од ЕУ, доколку проценат дека се жртвувани за туѓи геополитички цели, но и создавање нови политички и безбедносни блокови, вклучително и можни регионални конфедерации во Централна и Југоисточна Европа.

Во таков расплет, тој не го исклучува ни ризикот од слабеење или распад на НАТО, а потоа и формирање нови воени и политички сојузи.

Во Балканот повторно гледа ризична зона. Наведува дека, доколку Европа и САД бидат зафатени со сопствени големи кризи – војна со Русија, внатрешни немири во САД – може да се отворат старите и да се активираат нови конфликтни линии на Балканот и пошироко. Како ризични точки ги спомнува: можни тензии меѓу Турција и Грција, ризици за Србија, Косово и Босна и Херцеговина, вклучително и сценарија за нови конфликти или отцепувања, како и внатрешни нестабилности во поединечни држави, со можност за политички и дури вооружени судири.

Во завршницата, се фокусира на Македонија. Неговата клучна порака е двојна, односно дека земјата треба да е подготвена за секакви сценарија:

„Од најмировни сценарија и времиња на голем просперитет, развој и реализација на членство во ЕУ до 2030 година како што отвора врата ЕУ за Црна Гора, Албанија и други, па до времиња на големи ризици од разгорување војни во Европа, поделба на Европа и големи турбуленции на Балканот, од едноставна причина што влеговме во ера кога војните влегоа и сеуште влегуваат во мода, а воената атмосфера е присутна како да сме пред светска војна, атмосфера која малку потсеќа на атмосферата пред првата светска војна, иако има и многу разлики. Треба да продолжиме да ја подготвуваме земјата со несмалено темпо за да ги исполни критериумите и да најде прифатливо решение за надминување на предизвиците за членство во ЕУ без нанесување сериозна штета себеси, бидејќи таквото членство би било добро за нас. И секако, ако не дојде до реализација на споменатите ризици и политиките земат друг тек, тогаш да го добиеме заслуженото членство во ЕУ. Но, истовремено, Македонија треба да се подготвува и за други ризични периоди и сценарија, во случај овие ризици кои ги изнесов да станат реалност. Македонија со својата мултиетничка специфичност истовремено и примарно, покрај воената подготвеност за одвраќање напади на која треба да обрне внимание, и дипломатската промисленост за одбегнување такви ситуации, треба да е фокусирана и на внатрешниот мир, пред се на одбегнување на можни повторни меѓуетнички тензии“, вели Груевски.


Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“