02 Мај, 2024
0.3919

Македонија уште еднаш парадираше на Евровизија, за џабе!

Објавено во: Анализа 17 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Ако е за пласман, мора да си признаме дека не сме најумешни во битката за гласови. Ова го докажавме токму во оваа полуфинална вечер, во која не обезбедивме понатамошен турнус со десетката која останува на сцената во Малме. Пласманите на Македонците досега низ овие 15 години на Евровизија, велат дека можеби треба да размислиме каде е нашата грешка кога е во прашање овој музички натпревар. Ако е за докажување, сите наши преставници беа квалитетни, дел од нив дури и колку една Марија Шерифовиќ. Но, ниеден од нив очигледно со песните не ја погоди Европа во срце. Ако е за трошење пари, не е ли посоодветно парите кои ги истрошивме да им ги платавме на македонските композитори да направат неколку вонсериски, добри македонски музички десерти, оти одамна ги нема на македоската музичка трпеза. Таа последниов период стана многу сиромашна, а не попусто се вели дека идентитетот на една нација е во криза, тогаш кога музиката на тој народ ќе престане да свири. Искрено, ми останува сомнежот дека кого и да пратиме, нема да биде доволно влијателен за да избори едноцифрен пласман на овој фестивал ако ја преставува Македонија. Имам впечаток дека само ги гориме нашите музичари, наметнувајќи им некаков непотребен терет, од избор на песна, до некаква измачувачки болна амбиција да бидеме први, иако сме сигурни дека тој филм нема да го видиме ни на сон. Па затоа, треба ли Македонија пак да троши пари на овој фестивал? Кризата го редуцира учеството на Евровизија Во време на економска криза многу земји годинава решија да штедат, па токму поради тоа се откажаа од учество на Евровизија. Портогугалија, Турција, Кипар, Словачка, па дури и Босна и Херцеговина, годинава кажаа не за евровизиската сцена во Малме. Во нивните соопштенија наведоа дека партиципацијата од 100 илјади евра едноставно е преголем трошок во време на економска криза. Шефицата на делегацијата на Босна и Херцеговина, Лејла А. Бабовиќ, смета дека тоа се многу пари, кои би можеле да ги искористат за вложување во некој поконкретен проект. И не погрешија во тој избор. Ова евровизиско издание се покажа како едно од посиромашните по квалитет досега, посебно втората полуфинална вечер. Македонија не се откажа, дури ни поради партиципацијата од 100 илјади евра Македонската Радио Телевизија како полноправна членка на Европската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира  учеството на Македонија  на претстојното 58-то издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа – ИЗБОР ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА  кој  се одржува од 14-18 мај 2013, во Малме, Шведска. Според сопствените ингеренции кои што ни ги дава ЕБУ за избор, односно определување на национален претставник на овој музички натпревар, МРТ одлучи оваа година, како претставници на Македонија, да ги испрати во еден малку неспојлив дует – Кралицата на ромската песна во светски рамки Есма Реџепова Теодосиевска и нашата поп ѕвезда Влатко Лозановски-Лозано. Со овој необичен спој на искуство и младост, МРТ верува дека ќе ја постигне единствената посакувана  цел – достојно претставување на Македонија пред европската и светска  културна јавност. Но, спојката не се покажа како добар избор. Уште на стартот се сопна со првиот избор на песна која публиката во Македонија ја оцени како катастрофален избор. Токму негативниот прием на песна беше пресуден МТВ иако претходно ја прифати, да ја отфрли како можна опција, дури со оградување дека не ја прегледале претходно, посебно спотот, што беше чудно, затоа што и самите ја најавија и тоа екслузивно неговата промоција во нивната програма. Исклучувањето на Империја од евровизиската промоција ја погоди Есма, иако тоа не сакаше да го покаже, посебно затоа што тоа беше песна на нејзиниот син. Таа дури и во своите изјави пренесуваше дека Империја за неа е одлична песна. Можеби, но дали тоа е евровизискиот пакет? Впрочем дали и сега го имавме тоа? Она што мора да се издвои е дека младиот Лозано одлично се снајде на сцената во Малме. Балканот го нема на Евровизиската сцена Ниту една од поранешните југословенски републики не обезбеди пласман во финалната вечер. Први тоа го почуствуваа Србија, Словенија, Црна Гора и Хрватска. Втората полуфинална вечер не исклучи и нас. Да бидеме искрени, додека Црна Гора и Словенија сеуште се во потрага по својата мелодиска линија за Евровизија, Србија и Хрватска овојпат навистина потфрлија со изборот на песните на своите преставници. Очигледно одлуката на Босна, да не учествува се покажа како најправилен избор. Зошто Македонија има потреба од учество на овој фестивал? Македонија првиот обид за самостојно учество на Евровизија го прави во 96 година со Калиопи. Овој обид завршува како неуспешна мисија.Таа победува на скопскиот фестивал со песната Само ти. Калиопи не ги мина претквалификациите, поточно жирито смета дека не е доволно квалитетна, па не обезбедува пласман за влез во официјалната вечер на Евросонгот кој се одржуваше во Норвешката престолнина Осло. Каролина која двапати достојно не преставуваше, смета дека не би сакала по трет пат да се појави на Евровизиската сцена. За разлика од неа, Некст тајм, Калиопи, Тамара, немаат ништо против, уште еднаш да го почувствуваат вкусот на целото тоа шоу. Скандалите на евровизиските сцени, но и дома, редовно пропратно шоу Првото македонско преставување на Евровизија се случува на 43то фестивалско издание. Во Лондон, Скопскиот фестивал 98та го испраќа Владо Јаневски. Од овој фестивал почнуваат и драматичните, скандалозни и одлучувачки  игри кои не стивнуваат. Изборите за македонските преставници, речиси секогаш се проследени со скандали, непријатности, па некако по правило ни пласманот на евровизиските сцени не ни е по волја. Да бидеме искрени, не беше интересно само при донесувањето на одлуката во Скопје кој ќе ги брани боите на Македонија. И Евровизијата во глобални рамки веќе не е она што некогаш беше. Ако пред 20тина години учеството и победата на Евровизија значеа  лансирање на светското музичко небо и меѓународна слава, тоа веќе не е ни правило, а ни практика. Помина времето кога АбаСелин Дион и многу други својата анонимност ја заменија со светска препознатливост благодарение на овој фестивал. Скандалите со телевоутинг измамите, техничките пропусти со матриците го уништија реномето на овој фестивал, па токму затоа многумина веќе евровизиската сцена не ја гледаат како место за свое соодветно преставување. Италија реши да не учествува се до ланската година, кога повторно ги отвори вратите за овој фестивал. Многу од земјите учеснички започнаа да праќааат аматери, некои испраќа премлади или превозрасни учесници, па дури се одеше и на варијантата-транвестити. Ова секако беа лоши сигнали кои дополнително го влошија имиџот на Евровизијата и нејзиното реноме. Па, наместо натпревар на песни, минатите неколку изданија исфрлија натпревар за сценски настап во кој беа вклучувани од магионичари до манекенки.  Музиката излезе од игра. На сцена секако останаа и задкулисните игри со сомнителните начини на гласање кои секогаш со доза на предвидливост влијаеа на конечната одлука за победниците. Пласманите-мерка за недоволен музички квалитет или пак лошо македонско претставување И по 15 години учествување на Евровизија, Македонија сеуште не може да се пофали со добар фестивалски рејтинг, иако проба буквално се. Србите, Хрватите, па дури и Босна и Црна Гора покажа поголема умешност во водењето на конците од нас. Ние се обидовме секако. Испративме цела војска пеачи, ама се некако за џабе. Овојпат дури и обложувалниците не третираа за аутсајдер. За крај, чинам дека крајно време е да донесеме вистинска одлука: или ќе испратиме песна или нема да учествуваме веќе. А да, да бидеме искрени, и  победа ни е вишок. Вики Ристоска

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад