17 Мај, 2024
0.0284

МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА: Колку тоа ги чини граѓаните?

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Владините мерки за субвенционирање на вработувањата на млади од 20 до 29 години обезбедуваат ублажување на невработеноста кај овие групи,  но Државниот завод за ревизија констатира дека има ризик апликантите селективно да се одбираат, а субвенции да добиваат и фирми што не ги исполнуваат условите. Ревизорите забележуваат дека постои нетранспарентност на огласите што влијае врз изборот на апликантите. „Во јавните огласи објавени за мерките, делумно се наведени условите и критериумите кои треба да ги исполнат заинтересираните работодавачи, што не обезбедува целосна транспарентност и може да влијае на начинот на избор на апликантите“, пишуваат ревизорите. Но, исто така забележуваат и дека нема соодветна проверка поради што субвенции може да добие и фирма што не ги исполнува условите. „При проверката на податоците на пријавените работодавачи во Центрите за вработување во однос на исполнетост на условите и критериумите содржани во Оперативните планови, софтверската поддршка не обезбедува целосни контроли поради што постои можност да се одобри пријава на работодавач кој не ги исполнува условите“, навеле ревизорите. Во извештајот на ревизорите е констатирано и дека е потребно подобрување на апликативниот софтвер за да се избегнат субјективни грешки. „Контролите во апликативниот софтвер во делот за спроведување на мерките и активностите за вработување помагаат при управување со овие мерки, но софтверскиот дизајн, освен за еден критериум, не дозволува целосна примена во процесот на избор на соодветен работодавач, со што ризикот од субјективни, односно човечи грешки е присутен“стои во извештајот на ревизијата. Агенцијата за вработување склучува договори со работодавачите и невработените за соодветната мерка, и во тие договори се уредени правата и обврските, и во случај на нивно прекшување на договорот субвенцијата треба да биде вратена, но ревизорите посочуваат дека не постои ефикасен систем за следење и навремено превземање соодветни мерки. „Утврдивме различно постапување при евидентирање на промените во единствена база на податоци од страна на Центрите за вработување кои се однесуваат на обврската на работодавачот да обезбеди замена на работник, враќање на парични средтсва и поведување постапку пред суд, како и нецелосно евидентирање на сите промени“, наведуваат ревизорите. Но, ревизијата открива дека близу 9.000 евра треба да бидат вратени поради прекршување на договорите, а поврат е направен на 3.000 евра. „Констатиравме дека поради недоволна координација меѓу Центрите за вработување и Агенцијата за вработување како координатор на активностите, постои ризик при непочитување на одредбите на договорите да не се превземат соодветни дејствија за поврат на паричните средства или навремено поведување постапка пред надлежен суд“,додаваат ревизорите. Според податоците од извештајот на Државниот завод за ревизија, сите три анализирани години се исплаќани помалку пари за мерките од она што било предвидено со плановите. Во 2013 година за мерката субвенционирање на вработување биле исплатени 778 илјади евра,  а во 2014 година 618 илјади евра. За мерката обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување во 2013 година биле исплатени 83.000 евра, а во 2014 година  66.000 евра. Во 2015 година овие две мерки се спојуваат во една, односно во обука на работно место со субвенционирање при  што за 11 месеци се исплатени 417 илјади евра. Колку пари се исплаќале за мерките? Субвенционирање на вработување
  • 2013           778.000 евра
  • 2014           618.000 евра
Обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување
  • 2013           83.000 евра
  • 2014           66.000 евра
Обука на работно место со субвенционирање
  • 2015           417.000 евра
СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ Финансиската поддршка за секое вработено лице за бруто плата изнесува 13.000 денари месечно за период до 6 месеци, со обврска работодавачот овие лица да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци, или на негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на невработени во Агенцијата. Во спротивно, работодавачот има обврска да ги врати парите. Месечниот износ предвиден за исплата на бруто плата се исплаќа по добивање на документ од работодавачот дека истиот исплатил плата најмалку во висина на субвенцијата. Ревизијата констатира дека во објавените огласи наведени се целните групи, износот на финансиска поддршка, периодот на субвенционирање, времето кое е обврзан работодавачот да ги задржи лицето на работа, со упатување дека детални информации може да се добијат  во Центрите за вработување. „Другите критериуми кои се утврдени во Оперативните планови не се дадени во огласите што упатува на недоволна транспарентност и претставува ризик за начинот на избор на апликантите“, наведуваат ревизорите. Во случајот бројот  на можните вработувања да е поголем од планираниот број од оној предвиден во оперативниот план,  предвидено било изборот да се изврши врз основа на бројот и процентот на невработеноста на ниво на Центар за вработување, како и бројот на заинтерсираните работодавачи и невработени лица по Центрите за вработување. Но, ако и по овој критериум бројот на можните вработувања и натаму е поголем од предвидениот број, тогаш не постои дополнителен критериум за селекција. „Со оглед дека не било превидено со Оперативен план формирање на комисија или друго тело кое ќе утврди допонителни критериуми за селекција, Агенцијата изготвувала Преглед на распределба на вработувањата по Центри кој содржи податок за дополнитениот број на вработувања според потребите на Центарот колку лица може да се вработат по Центар за вработување, а Центрите сами ја правеле распределбата на работодавачите и лицата поради што постоел ризик од субјективност во изборот на лица,“ се наведува во извештајот. ОБУКА КАЈ ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ СО СУБВЕНЦИОНИРАНО ВРАБОТУВАЊЕ Според условите подготовката за вработување трае до три месеци, со обврска работодавачот да вработи најмалку 50% од вклучените во обуката. Висината на паричните средства за невработено ллице, односно работникот вклучен во подготовката за време на обуката изнесува 5.700 денари месечно, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. По завршување на обуката, за вработените лица  ќе се обезбеди субвенција преку финансиска поддршка за секое вработено лице во бруто плата во износ од 13.000 денари месечно во период од три месеци, со обврска работодавачот овие лица да ги задржи на работа во наредните 12 месеци по истекот на периодот на субвенцијата и да не го намали бројот на вработени на неопределено време во рок од една година. И во оваа мерка, ревизорите констатират дека во огласите не се наведени критериумите врз основа на кои се врши натамошна селекција од страна на Надзорниот одобор што претставува ризик за начинот на избор на апликантите. А додаваат и дека констатацијата во однос на можноста да се одобри пријава на работодавач кој не ги исполнува условите се однесува и за оваа мерка со оглед дека проверката на условите  не била софтверски подржана од аспект на контрола заради избегнување на можноста за грешки. Исто така, ревизорот и тука посочува дека констатациите во однос на можноста да се одобри пријава на работодавач кој не ги исоплнува условите се однесува и за оваа мерка со оглед дека проверката на условите иако  е софтверки поддржана, во системот нема имплементирани контроли за овие проверки порди што ризикот од грешки и понатаму не е исклучен. ОБУКА НА РАБОТНО МЕСТО СО СУБВЕНЦИОНИРАНО ВРАБОТУВАЊЕ Двете претходно опишани мерки, продолжуваат да се реализраат во 2015 година, но надградени во една мерка „Обука на работно место со субвенционирано вработување“. Тоа е комбинација од стекнување стручно знаење и вештини за подобрување на продуктивоста на поединците и финансиската поддршка – субвенција за нивното вработување. Ревизијата и за оваа мерка ги наоѓа истите забелешки во делот ја транспарентноста на огласите. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи