17 Мај, 2024
0.0287

Македонија2025 ќе презентира стратешки развојни цели за земјата на ноемврсискиот самит

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Македонија2025 го организира третиот економски самит што ќе се одржи во Скопје од 18 до 20 ноември. На овој самит на едно место ќе се соберат врвни експерти, аналитичари и претприемачи од повеќе земји во светот, кои ќе зборуваат за економскиот развој и за напредокот на Македонија.

Почесен говорник на Самитот ќе биде поранешниот Премиер на Грузија, Ника Гилаури, кој ќе зборува за трансформацијата на Грузија во една од најбрзо растечките европски економии и за реформите кои ги спровел неговиот тим. Ника Гилаури служел како Министер за енергија, Министер за економија, како и Премиер од февруари 2009 до првата половина на 2012. Воведува повеќе економски мерки што драстично ја намалуваат корупцијата и ја подобруваат економската состојба при што земјата бележи скок од 103 места според Дуинг Бизнис: од 112 во 2006 на 9 местово 2009. Во моментот тој е советник во консултантската куќа МекКинзи и е главен на огранокот на Bank of Georgia во Турција.

ника

Со оглед на тоа што Грузија и Македонија претставуваат компаративни примери, оваа земја ќе се најде на економскиот мерен индекс што Македонија2025 го подготвува во изминатиов период.  Целта на мерниот индекс за Македонија е  да се следат неколку економски и развојни индикатори кои ќе служат за мерење на напредокот на нашата земја. Мерниот индекс беше креиран преку дискусии на членовите на МК2025 со Одборите за економски развој на Сингапур, Турција и други земји; во дискусии со поранешниот Премиер на Грузија, Ника Гилаури; и во соработка со консултанти на МекКензи. Индексот користи јавно-достапни податоци и ги вклучува четирите стратешки приоритети кон кои ќе се стреми работењето на МК2025 во иднина, како и иницијативите кои можат да ги превземат владините институции, политичките партии, бизнисите и академската сфера.

Одборот на директори има за цел да ги крене на повисоко ниво стратешките приоритети и да ја прошири дефиницијата на паролата „Градиме посилна нација“. Според тоа, додадовме петта точка во нашиот мандат која гласи: „Да се одржува и да напредува дискусијата во однос на Мерниот индекс кој ќе следи како напредува економскиот развој и квалитетот на животот во Република Македонија“.  За мерниот индекс ќе се дискутира за време на Самитот, а неговата сумирана верзија е достапна на веб страната на www.macedonia2025.com.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!