20 Април, 2024
0.0248

Македонка го освои шампионатот на САД во платформа тенис

Објавено во: Стил 14 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Македонката Ана Брзова го освои Националното првенство на САД во платформ тенис, во двојки. По победата во финалето, што се одржа во неделата во Њу Џерси,  Брзова е прворангирана на листата на АПТА   во конкуренција на двојки заедно со нејзината партнерка Вики Стокласова. Двете влегоа во историјата на плаформ тенис како први натпреварувачи родени во странство кои победиле на првенството на АПТА. Македонката Ана Брзова настапува на турнири во овој спорт пет сезони, а со Стокласува играат заедно веќе две години. Брзова живее во Америка од 1999 година. Се образувала во неколку земји и зборува пет јазици. Во САД дошла со стипендија за тенис и одбојка на Иона Колеџот. Платформ тенис е спорт измислен во Америка во 1928 година. Се игра на терен со големина на една третина од вистинско тениско игралиште, заградено со висока ограда слично како сквош. Нема двојни линии и мрежата е поставена пониско. Рекетите за платформ тенис се со дијаметар од 18 инчи и се обложени со сунѓереста гума. Се игра со топче со стандардна големина, но помеко од она за тенис.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган