Македонска радиотелевизија ќе плати 10.000 евра за ПЦР-тестови за вработените
Објавено во: Економија 06 Ноември, 2020
„Македонската радиотелевизија“ во вкупните трошоци за вработените испланирале и вршење на ПЦР тестови за корона вирусот во 2021 година, а за тоа предвидени се 600.000 денари .
Ова Јавното радиодифузно претпријатие го навело како посебна ставка во годишниот финансиски план за следната година што му го достави на Собранието, од каде го објавија синоќа. Останатите јавни и државни институции и служби допрва ќе ги разработруваат и објавуваат своите планови и не е познато дали детално ќе го испланираат и овој трошок.
Во планот, националниот сервис не навел за какви цели ќе се трошат овие пари, односно дали се наменети за патување, или по добиени симптоми. Во трошоците за вработените се предвидени и 560.000 денари за здравствени услуги. Инаку МРТ околу 90 проценти се финансира од државниот буџет, додека околу 10 отсто приходите ги добива од реклами и други извори.
Ова е предвидено во прегледот на вкупните планирани заеднички трошоци на МРТ за 2021. Цената на еден ПЦР тест е 3,500 денари во јавните и 3,950 денари во приватните лаборатории. Го вршат десетина лаборатории, а тука предничи Институтот за јавно здравје.
Вкупните трошоци на Македонската радиотелевизија би изнесувале 1,02 милијарди денари. За членовите на Надзорниот одбор и програмскиот совет се предвидени 5,2 милиони денари
За бруто плати во МРТ се очекува зголемување на средствата за 10 отсто. Ако во 2020 е програмирано да се потрошат 429 милиони денари за оваа намена, во 2021 тоа би било 43 милиони денари повеќе. Телевизијата за 2021 планира и регрес. За К-15 за вработените треба да се исплатат 9,4 милиони денари.
За откупот на авторски права планирани се 94 милиони денари, многу повеќе од оваа година, поради преносот на Европското фудбалско првенство и Зимските олимписки игри. Ќе се пренесува и Евросонг за 2,5 милиони денари, а филмови ќе се купат за 19 милиони. Но затоа ќе се намалат парите за останатите програмски права од 94 на 60 милиони денари.
За трошоците за настапот на Евровизија планирани се 8 милиони денари. За авторски договори ќе бидат потрошени 14 милиони денари
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.