19 Декември, 2025
0.0471

МАКЕДОНСКА РЕАЛНОСТ: Сметките блокирани, извршители тропаат на врата!

Објавено во: Економија 19 Април, 2016 07:59

Добивај вести на Viber

Расте бројот на граѓани и компании со блокирани сметки. За една година во Македонија има нови 20 илјади граѓани со блокирани сметки. Односно, во февруари годинава имало 77.569 граѓани со блокирани сметки, додека пак во февруари минатата година имало 57.622 граѓани кои имале блокирани сметки. Тоа значи дека за само една година нивниот број е зголемен за 19.947 граѓани кои имаат блокирани сметки. Драстично зголемување на бројот на граѓани со блокирани сметки, имало во март минатата година. Односно, од 57.622 колку што биле во февруари, во март одеднаш овој број се искачил на 75.294, и оттогаш се движи во овие рамки, па во февруари годинава изнесува 77.569 граѓани со блокирани сметки. Граѓани со блокирани сметки
  • Февруари 2015                      57.622
  • Март 2015                              75.294
  • Февруари 2016                      77.569
Сепак, во февруари годинава споредно со јануари годинава е забележано благо намалување на бројот на граѓани кои имаат блокирани сметки. Односно нивниот број за еден месец е намален за 968. Расте бројот на компании со блокирани сметки За една година, односно од февруари минатата година, па до февруари годинава нови 2.866 компании имаат блокирани сметки. Па така, ако во февруари лани имало 42.067 компании со блокирани сметки, во февруари годинава има 44.933 компании со блокирани сметки. Споредбата на месечно ниво пак покажува дека за еден месец нови 329 компании имаат блокирани сметки. Односно, во јануари годинава имало 44.604, додека во февруари годинава нивниот број изнесува 44.933 компании со блокирани сметки. Во февруари годинава 77.569 граѓани имале блокирани сметки. Според податоците на НБРМ, бројот на граѓани со блокирани сметки во споредба со јануари годинава е намален за 968 , но сепак, Извршителите за девет години наплатиле 645 милиони евра Секоја година во просек извршителите од граѓаните и фирмите наплааќаат по 71 милиони евра. До оваа пресметка се доаѓа ако се знае дека од 2006 до 2014 година, извршителите од граѓаните и фирмите имаат наплатено 645 милиони евра. Во 2014 година, извршителите наплатиле 108 милиони евра. При тоа, повеќе од половина од сумата, односно 57 милиони евра се наплатена во Скопје. Според официјалните извештаи, извршителите најлесно успеваат да наплатат од граѓаните во Велес, Гевѓелија, Кавадарци, Неготино и Битола, додека наплатата најтешко им оди во Гостивар, Кичево и Тетово. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?