15 Декември, 2025
0.1038

МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ДРСКО ГО ОДБИЛА, ВО СЛОВЕНЕЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ МУ ПОСАКАЛЕ „ТОПЛО ДОБРЕДОЈДЕ“: Приказна на Македонец на магистерски студии во Љубљана

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2025 11:04

Добивај вести на Viber

Младиот Филип Трајковски преку Фејсбук ја раскажува својата приказна, за тоа како наишол на затворени врати во Македонската Амбасада во Љубљана кога побарал да биде практикант, додека ги завршува магистерските студии во Словенија, но наишол на топло добредојде во Парламентот во Словенија.
„Минатата година се одлучив за промена и започнав со магистерски студии во Словенија. Година подоцна, сакам да споделам еден пример кој ќе оставам сами да го толкувате. Во Љубљана затекнав еден функционален и организиран град со добра поврзаност (по наши стандарди) како и култура и хигиена на завидливо ниво. Ме потсеќаше на сѐ што нашите населени места можат да бидат, а се далеку од тоа. Но без да навлегувам во причините зошто можеби е тоа така, и дали навистина во Словенија цветаат само рози (спојлер: не, не цветаат), ќе се обидам преку пример да покажам зошто можеби тоа е така. Имено, еден од условите за успешно завршување на студиите е задолжителната пракса, нешто кое верувам дека е од особено значење за секој млад човек кој сака да создаде работно искуство. Па така јас, размислувајќи каде најмногу би можел да допринесам со своето знаење, се упатив едно утро до Македонската Амбасада во Љубљана. Исполнет со ентузијазам и желба за работа и учење, заѕвонив на вратите на амбасадата и се претставив како Филип Трајковски, студент по меѓународни односи кој е заинтересиран за пракса. На приемот се изјаснив дека сум заинтересиран за пракса од било каков аспект, дури и минимално со неколку часа неделно, без барање за никаков надоместок или било што друго, туку со чиста желба за спознавање со работата на нашата амбасада и служба на татковината. Од другата страна првин можев да забележам збунет поглед, кој како да сакаше да каже “кој мислиш дека си ти?” или “како се осмелуваш со ваков пристап да ни се обраќаш?”.. Веднаш потоа, бев информиран дека не знаат дали е можно такво нешто во моментот, дека и да може, постапката е долга и трае 5-6 МЕСЕЦИ (!) дури и за практикант да биде примен во една од нашите амбасади“, раскажува Трајковски.
Следната цел му бил Словенечкиот Парламент, како единствена соодветна институција каде се нудела пракса за неговите студии.

„Со тотална разочараност, но не и изненаденост од нашиот систем, се заблагодарив за приемот и си заминав. Не сакав да размислувам за пракса долго време, а во меѓувреме работев сѐ од физичка работа до настани и конференции.. Се додека еден ден не отидов на саем за практиканти организиран од страна на мојот факултет. Таму, единствено Словенечкиот Парламент беше соодветната институција која нудеше пракса соодветна на моите студии. Во долгата редица студенти се вметнав и јас и со својот едвај разбирлив словенечки јазик се претставив и се изјаснив со желба за извршување на пракса во Парламентот. Од другата страна седеше г-ѓа Уршула Зоре Тавчар, генерален секретар на законодавната институција на Словенија, која го препозна мојот труд и желба и ме покани на прием во Парламентот. По неколку средби и разговори можам да споделам дека добив едномесечна пракса во Парламентот за која сум особено благодарен. Без разлика што сум македонски студент, добивам еднаков третман и со големо трпение и разбирање ми се објаснуваат сите работни задачи и процедури во самата институција. Никој не ме гледа како ‘помал’ од себе, секој си ја гледа својата работа и колегите се радосни затоа што студент од странство сака да ја осознае работата на законодавниот дом.. Сѐ што беше потребно е валидна документација, неколку средби и желба за соработка. Објавата е од информативен карактер со цел да направи една компарација. Оставам на читателот да толкува дали можеби јас многу барам, или пак многу очекувам.. Како и да е, останете ми добри и поздравени. Македонија вечна“, вели Трајковски.

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“