Македонската берза силно надоле: Понеделничкото тргување почна лошо
Објавено во: Економија 09 Март, 2020 10:53
За дури 5,44 проценти падна вредноста на индексот МБИ 10 на Македонската берза на стартот на денешното тргување. Со оглед на тоа што тргувањето е се уште во тек, падот можеби и нема да е толку драстичен, иако тоа можеби е малку очекувано. Овој пад следува по минималниот раст минатата недела.
Сепак надолниот тренд почна уште на крајот на февруари кога впрочем и тргнаа надоле сите светски берзи, а клучна причина беше ширењето на коронавирусот.
Тогаш, за Македонската берза познавачите тврдеа дека на пазарот има некоја психоза, ама не беа комплетно убедени дека реакциите се должат на објективни фактори. Ако ширењето на корона вирусот е причина за пад на светските безри тоа до некаде влијае и на овој пазар. Велат дека можеби не директно но дека во овој момент нема друг објективен фактор. Секако според нив факт е и дека некој секако сега и купува ефтини акции па во иднина ќе има одлична заработка. Во овој прилог е фактор што и покрај падот на цените прометот оди нагоре.
„Има некоја психоза на пазарот, цените на акциите одат надолу а нема некој објективен фактор за пад. Сите сметатме дека клучен фактор е ширењто на корона - вирусот, сите сме свесни дека е тоа. Секако случувањата вде се во корелација и со светот. Има драстичен пад на цените и во Америка и Европа. И таму четврт ден берзите се во минус, рече тогаш Васко Митев, директор на Илирика Инвестментс во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




