Македонски и белгиски компании разменија искуства за управување со отпадот и водите
Објавено во: Економија 22 Април, 2013 13:39
Размена на искуствата во делот на управувањето со отпадот и водите на македонски и белгиски компании беше цел семинарот „Стратешки избор и имплементација на политики во областа на цврстиот отпад, загадување на почвата и водостопанство: примерот на регионот Валонија во Белгија“, што денеска се одржа во Стопанска комора на Македонија.
Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми на отворањето истакна дека семинарот е плод на досегашната билатерална соработка меѓу двете земји.
- Овој семинар, не само што ќе овозможи размена на искуство, туку очекувам да придонесе и за подигнување на свеста кај комуналните претпријатија кои делуваат во овој сектор и кај останатите претставници од бизнис заедницата, рече Адеми.
Белгиската амбасадорка во Македонија, Аник Ван Калстер посочи дека регионот Валонија успешно го свртела фокусот од сите поранешни индустррии кон воспоставувaње поуспешна и посеопфатна економија и оти се подготвени да ги споделат своите искуства со македонските компании.
- Регионот Валонија може да ви помогне како се создаваат зелени, односно еколошки работни места, нагласи Калстер.
Пред присутните се обрати и Филипе Суинен, претседател на валонската Агенција за инвестиции, додека претставници на Министерствоto за животна средина и просторно планирање ја претставија македонската законска легислатива.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




