19 Март, 2024
0.0332

Македонски јаболки

Објавено во: Колумни 22 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Јаболката претставуваат многу важен производ од повеќе аспекти. Јаболките претставуваат високовредна човечка храна за директна консумација, како и производ кој се користи во прехрамбената  индустрија со  можност за добивање голем број високофинални производи за исхрана и слично, но за Македонија има една специфична важност што придонесува условите на поднебјето, почвите и традицијата на македонските земјоделци да бидат искористени за добивање на општо добро.

  Според тоа, оправдано е што јабоките како и дел од вкупното овоштарство има најважно место. Јаболките се благороден производ, бидејќи е релативна  “лесна “ за одгледување и трудот на земјоделците го наградува со обемот на родот и со незаменливиот вкус.

  Македонија денес располага само со 16 000 ха површини под овошје  кои се помали за  7000 ха во споредба со 1991 година. Денес овоштарниците зафаќаат 3,1 % од обработливите површини а во 1991 година зафаќале 3,5%. Поволните услови на Македонија за овоштарство не се искористени рационално ниту по обем ниту по асортиман, според статистичките информации кои опфаќаат  само 9 овошни видови не може да се направи релевантна анализа  на движењата на обемот под различни видови овошје бидејќи недостасуваат површини. Плус тоа голем број овошни видови не се предмет на пратење на официјалната статистика и тоа особено важни за кои имаме сосема погодни услови и за чиј увоз трошиме пари. Тука се некои видови, како бадем, лешник, потоа ситно обоено овошје кое има широк асортиман, трудоинтензивно е погодно е како за директна консумација уште е погодно за висок степен на финализација.

  Според официјалните  статистички податоци (СГ на РМ) јаболка е најзастапен овошен вид во Македонија кој денес зафаќа 50,2% од бројот  на родни стебла во однос на деветте вида што се предмет на пратење на статистиката. Во 1991 година јаболките имале учество од 32,2%, меѓутоа  по 2008 година нагло се зголемува тоа учество односно бројот на родни стебла па така во 2012 година учеството достигнува 55,1 %. Тој период по 2010 година кој се карактеризира со висока финансиска површина на земјоделството и овоштарството, го  форсира со релативно  висока поддршка на јаболките со средство за руралниот развој и со средство за директна поддршка на :  подигање, одгледување во првите години  до прородување   и понатаму со Годишните програми за поддршка на земјоделството. Па и покрај проблемите на земјоделците  за продажба на јаболките, државата за 2019 година ќе поддржува: јаболки си 50 000 денари по хектар, 36 000 денари за сливи (втори по обем на застапени стебла), со 30 000 денари по ха за дуњи кои имаат учество од само 0,7 % во структурата на родни стебла, потоа со иста сума се поддржува мушмула, актинија , маслинка, калинка, смоква, аронија, шипка, рибизла, бадем и лешник и некои други, па е очигледно дека  не се врши поддршка според националниот интерес туку онака според лаичка оценка на неодговорни службеници. Од тие причини настана експанзија на ширење на подигање на јаболка, а никој не се прашуваше кој ќе ги откупува пазарните вишоци и колкави ќе се тие?  Ако го проследиме обемот на годишниот род на јаболки ќе видиме силно зголемување по 1991 година близу за три плати, со исклучок за 2017 година кога кај сите овошни видови родот е намален за 20 до 50%, а кај јаболката за 57 %, па од над 100 илјади тони во 2016 година добиени се само 43,4 илјади тони. Чудно е дека претходните години од  кога имавме род на јаболки и повеќе од 100 илјади тони, продажбата беше изразена со толку високи проблеми како во 2018 година, иако родот од 2017 година бил далеку понизок.

  Варијациите на количините на вкупниот производство се разбирливи (реални) бидејќи се зависни од метеоролошките улсови по години, меѓутоа  не се логични откупените количини по години, каде во 1991 година е постигнато ниво на откуп близу 27 илјади тони, а во годините потоа оваа количина не  е достигната.

Податоците од табелата покажуваат дека цената опаѓа со зголемување на производството. Покрај сериозни проблеми што се јавуваат кај откупот не може да се види никаква активност за подобрување. Меѓутоа постои закон за договорено производство, потоа сите произведени количини чие подигање на насадите е со средство од рурален развој и ИПАРД би требало да ги откупат оние откупувачи кои дале писмена гаранција дека ќе го откупуваат производството. Најпосле производителите мора да сватат дека мора да формираат сопствени органицации со вложување на сопствени средства за истражување на пазарот, за градење на преработувачки капацитети за сместувачки објекти и сл. Поддршката од државата не може да ги решава воопшто проблемите на производители кои не сакаат за сопствени интереси да преземат одговорност и да создаваат услови за побезболно поднесување на  проблемите на пазарот кој не е сентиментален.

  Аграрната политика има сериозни недостатоц а една од тие е  несоодветна финансиска поддршка во овој случај поддржување на обем на производство кое не може  да се реализира. 



Проф.Д-р. Борис Анакиев 

Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?