Македонски композитор стана надворешен член на Бугарската академија на науки и уметности
Објавено во: Стил
13 Ноември, 2014 19:23
Добивај вести на Viber
Македонскиот композитор, профeсорот Стојан Стојков, во Софија е инаугуриран во звање академик и стана надворешен член на Бугарската академија на науките и уметностите. Процедурата за прогласување на оваа највисока титула од областа на науките и уметностите траеше цела година, од предлогот кој дојде од Одделението за уметности, па се до конечното гласање во Собранието на Република Бугарија.
Оваа инаугурација претставува големо признание не само за композиторот Стојан Стојков, туку и за македонската композиторска национална школа, како и продлабочување на традиционално добрите односи помеѓу Македонија и Бугарија во однос на музичката уметност.
Композиторот професор Стојан Стојков, роден 1942 година, е еден од најрепрезентативните претставници на македонската национална композиторска школа. Со своето бројно творештво кое опфаќа музички форми од сите жанрови, Стојков претставува ретка севкупна личност која ја афирмира македонската музика не само во Македонија, туку и на сите континенти каде се изведуваат неговите дела. Како истакнат композитор, музички педагог и општествен деец, Стојков е добитник на бројни награди меѓу кои и највисоката државна награда „11 Октомври“. Во неговите мандати како претседател на СОКОМ тој оствари значаен придонес во многу сфери на афирмирање на македонската музика, но и во создавање исклучително плодна мрежа на соработка помеѓу композиторите на балканските простори.
Неговите дела се препознатливи со својот автентичен лирски, неофолклористички јазик и стил во чија основа секогаш се препознава македонскиот традиционален музички идиом. Кон крајот на оваа година се очекува и премиерна изведба на неговата битова опера „Змеова невеста“ која ја подготвува Македонската опера и балет.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: