Македонски концепт ја поддржува владината политика на рамен данок на личен доход
Објавено во: Економија 30 Август, 2020
Денес Македонија е пред избор на старо новата Влада на
мандатарот Зоран Заев. Влада 2020 – 2022. Од предложеното експозе и програмата
за работа има што да се критикува, но и да се поддржи, се наведува во соопштението на Македонски концепт кои ја
поздравува владината програма со која се залагаат за продолжување на примената
на наплата на рамен данок на личен доход која стапи на сила од 1 ноември 2019
година.
“Само рамен и низок данок е правичен и стимулира економски раст, мобилизира приватна иницијатива и го негува претприемништвото кај граѓаните. Имате поддршка да продолжите со таа политика”, вели Петар Богојески од Македонски концепт.
Обидот на Заев да и се допадне на т.н. Левица и ветување за повторно враќање кон погрешните политики со воспоставување на прогресивен данок во иднина е целосно погрешно, не заслужува поддршка и ќе биде предмет на силна критика од наша страна, додава Богојески.
На Македонија и се потребни стабилни, силни и одлучни реформи кои ќе бидат клучен столб за поддршка на домашната економија, особено малите и средни бизниси. Секое размислување за повторно враќање на прогресивниот данок е експериментирање со иднината на државата, се истакнува во нивното соопштение.