03 Мај, 2024
0.0373

МАКЕДОНСКИ МИНИМАЛЕЦ: Празни ли ни се џебовите во однос на регионот и Европа?

Објавено во: Економија 01 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Македонската минимална плата изнесува 200 евра и како таква е една од најниските во регионот и пошироко.

По направената анализа на сите земји кои гравитираат на и околу Балканот, може да се забележи дека само Црна Гора има помала законски одобрена минимална нето-плата од Македонија.

Таму минималната плата во моментов изнесува 193 евра.  Во БИХ, чии два кантона се мошне зависни од финансиската и политичка поддршка од меѓународните фактори, имаа евидентирано 208 евра минимална плата.

Повисока минимална плата има и Србија, и во моментов таа изнесува 213 евра.

Косово во моментов ги дели најниските просечни плати, но Социјалниот совет го прифати предлогот од следната година минималната плата да биде 250 евра.

Во Бугарија минималните-плати растат прогресивно од година в година и однапред се законски проектирани, па така од 1 јануари 2019-та таа ќе изнесува 292 евра.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ објави дека минималецот во 2019-та се зголемува за 9 отсто и ќе изнесува 404 евра, односно ќе расте втора година по ред.

И Словенија е една од земјите каде што минималната плата е проектирана однапред и расте прогресивно, па така во 2019 година за Словенците минималецот ќе биде 667 евра.

Во Романија во 2019-та минималната плата ќе биде 447 евра, но во бруто-пресметка. Таа расте три години по ред.  Во 2018-та е 408, а во 2017-та беше 312 евра.

Во Турција денес минималната плата е 263 евра и покрај падот на турската лира.

Минималната плата во Грција е многу помала од пред деновите на големата финансиска криза, но изнесува 586 евра, но според Евростат таа е 684 затоа што Грците добиваат 14 плати годишно.

Во Кипар минималната плата важи само за девет професии и границата е до 870 евра.

ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОВАА СУМА Е  ПРЕМАЛА

Работниците велат дека да се работи за минимална плата воопшто не се исплати, туку тоа е колку човек да не седи дома и да се каже дека е вработен.

„Ние кои сме семејни луѓе нема шанси да направиме нешто со плата од 200 евра. Треба да платиме сметки, храна, имаме деца. Само за мало дете една блуза и панталони чинат 1.000 денари, ако не и повеќе“, вели работничка од чевларскиот сектор.

Работниците од чевларскиот и текстилниот сектор се едни од најслабо платените во земјава. Тие немаат надеж дека во иднина статусот на македонскиот работник ќе се подобри.

ИМА ЛИ РЕАЛНИ ШАНСИ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ?

Во повеќе сектори во македонското стопанство постоја реални услови минималната плата да биде зголемена, но ниското ниво се одржува поради големата невработеност и слабата конкуретност на пазарот на труд, вели Рубинчо Аризанкоски, секретар во здружението Достоинствен Работник-Прилеп.

Според него, во Македонија има услови за повисоки плати, но има прекршувања на Законот за минимална плата.

„Според европската статистика минималните плати се делат во три групи, каде во првата се Бугарија, Романија, Летонија, Литванија, Словачка, Естонија, Полска, Унгарија и Чешка, каде вработените добиваат минимална плата од 95 до 300 евра. Во втората група се платите од 480 до 700 евра, каде спаѓаат Словенија, Португалија, Малта, Шпанија и Грција. Додека, во третата група се Франција, Белгија, Холандија, Ирска и Луксембург со минимална плата од 800 до 930 евра. Инаку просечната минимална плата во Европската Унија изнесува 700 евра. Во Република Македонија имаме прекршувања и злоупотреба на законот, каде работодавачите откако ќе им дадат плати на вработените, бараат дел од парите да им бидат вратени. Во нашата земја минималната плата изнесува 12 илјади денари или 200 евра во сите сектори во економијата“, додава Аризанковски.

Вели дека како Здружение Достоинствен Работник бараат поголема контрола од страна на инспекторите за труд во приватниот сектор кои подлежат под законските регулативи, и да се казнуваат поради неисплаќање на минималната плата, но и К-15.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите