15 Декември, 2025
0.1427

Македонски Телеком и Т-Мобиле: Пад на приходите од телефонски услуги, раст на приходите од интернет

Објавено во: Мои пари 07 Август, 2014 10:32

Добивај вести на Viber

За Македонски Телеком и Т-Мобиле и во првото полугодие од 2014 година продолжува трендот на пораст на приходите во интернет и IPTV сегментот, а се намалуваат приходите од говорните услуги. Приходите од продажба на ниво на Групација во првото полугодие од 2014 година изнесуваат 5.345 милиони денари што е намалување за 13,5% во споредба со истиот период од минатата година. Оперативните расходи, се намалени за 10,8% во споредба со истиот период во 2013 година, додека вкупните капитални инвестиции (CAPEX) изнесуваат 350 милиони денари. Нето добивката пред оданочување е намалена за 35% во споредба со истиот период од минатата година. Но, и покрај негативните трендови, Македонски Телеком според интерните проценки зазема 65,4% од пазарот во сегментот на фиксна телефонија и 51,5% во широкопојасен интернет. Наспроти падот на приходите од говорните услуги за 11,3%, приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол (IPTV) се зголемија за 3,2% во споредба со истиот период од минатата година. Фокусот на double и triple play пакетите донесе зголемување на DSL корисниците за 5,5% со што корисничката база на DSL во првото полугодие на 2014 година е 190 илјади корисници. Македонски Телеком и понатаму има најголем удел на ТВ пазарот од 22,5% (интерна проценка). Бројот на IPTV корисниците е пораснат за 18,6% во споредба со истиот период минатата година. Како резултат на квалитетната услуга, интерактивноста и единственото ТВ искуство, корисничката база достигна 95 илјади корисници. Во мобилната телефонија, и покрај силното конкурентно опкружување Т-Мобиле Македонија останува лидер на пазарот со 46,4% удел (интерна проценка) и 1,2 милиони корисници. Приходите од говорните мобилни услуги се намалени за 21% како резултат на намалувањето на тарифите. Продолжи трендот на зголемено користење на мобилните услуги, при што во пакетите за иста цена се опфаќаат сé повеќе минути. Тоа резултираше со зголемување на бројот на минути на користење (MOU) делумно придвижено од континуираното намалување на тарифите. Следствено забележан е пад на просечниот приход по корисник (ARPU) за 19,8%. Приходите од неговорни услуги се намалија за 9,1% во споредба со претходниот период, како резултат на помалиот број на испратени SMS, намалените интерконекциски цени на SMS и приходите од содржини. Падот на овие приходи е делумно компензиран со зголемените приходи од мобилен интернет и зголеменото користење на податочни тарифни модели, информираат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија