19 Декември, 2025
0.0595

Македонскиот банкарски сектор добро се справи со кризата

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2013 14:45

Добивај вести на Viber

Македонија има стабилен банкарски сектор. Добро се справи со кризата и преку адекватната поддршка на економијата помогна кризата да помине на побезболен начин отколку другите европски економии.

Ова беше истакнато на заедничката прес-конференција по одржаниот 36. состанок на Европската банкарска федерација денеска во Скопје, кој се одржа во организација на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, а на кој се споделени искуствата на банкарскиот сектор во процесот на справување со предизвиците на европската криза.

- Македонија многу добро се справи со кризата. Економската криза не ја засега толку многу како другите европски земји. Очекуваме во 2014 година со уште поголемо темпо да се одвива развојот на државата, а при тоа банките ќе имат активна улога, истакна Гвидо Равоет, извршен директор на Европската банкарска федерација.

Очекува дека Македонија ќе ги надмине проблемите со кои се соочува при влезот на ЕУ и дека ќе стане полноправна членка на банкарската асоцијација, каде во моментов е асоцијативна членка.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Македонија со резултатите што ги покажува во банкарството, регулативата и начинот на кој работат македонските банки покажува и докажува дека европските директиви не се само на хартија, туку се начин како работиме и стандардите што ги постигнуваме во овој сегмент покажуваат дека Република Македонија заслужува местото во ЕУ.

- Во делот на регулативата Македонија ги практикува најдобрите меѓународни практики, базелските стандарди и се она што е регулатива во ЕУ се применува во Македонија преку прилагодување на директивите на ЕУ, истакна министерот.

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов потенцира дека банкарскиот сектор ја задржува стабилноста и дека нема никакви загрозувања и на среден рок во поглед на ценовната стабилност и во поглед на банкарската стабилност.

Јитка Пантучкова, претседател на УО на Охридска банка потенцира дека се следат препораките од Европската банкарска асоцијација и се прави се во општо добро на државата.

На состанокот во Скопје учествуваат претставници од 7 земји-придружни членки на ЕБФ (Албанија, Азербејџан, Русија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора,) како и претставници од 7 земји редовни членки на ЕБФ (Австрија, Бугарија, Данска, Италија, Унгарија, Полска и Словенија).

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии