16 Мај, 2024
0.0381

МАКЕДОНСКИОТ ЧЕЛИК ПОД СЕРИОЗНА ЗАКАНА ОД МЕРКИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УВОЗОТ НА ЧЕЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ

Објавено во: Мои пари 10 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Протекционистичките мерки што ги воведе САД за заштита од увоз на челични производи, но уште повеќе мерките кои ги воведува Европската унија за заштита од увоз на производи од челик, го ставаат металуршкиот сектор во Mакедонија под сериозна закана, истакна на денешната прес-конференција, претседателот на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, д-р Митко Кочовски.

Во таа насока Здружението на металургија при Стопанската комора бара Македонија да биде изземена од мерките на САД и ЕУ за ограничен увоз на челични производи бидејќи не претставува закана за нивните пазари, ниту може на каков било начин да ги загрози Претседателот на здружението, Кочовски,  апелира македонската економска дипломатија максимално да се заложи во овој правец и сериозно да укаже на последиците од овие мерки по развојот на македонското национално стопанство.

Производителите на челик и челични производи од Република Македонија, на 26 март 2018 добија информација од Генералниот директорат за трговија на Европската комисија за започнување иницијатива за заштита во однос на увозот на одредени производи од челик. Како дополнителен документ на Вербалната нота до компаниите стига и копија од Информацијата за постапката во врска со спроведување на заедничка комерцијална политика, објавена во Службениот весник на Европската унија. Заштитните мерки кои ги најавува Европската унија, иако навидум се чинат како неповрзани, сепак се јавуваат како рефлексија на ограничувањата коипретходно ги воведуваат САД за увоз на челични производи.

Двете мерки претставуваат сериозна закана за металургијата, како индустриска  гранка со голем импакт врз македонската економија, изразен како преку директните, така и преку мултипликативните ефекти што ги има врз целокупната национална економија.

Посебно силен негативен одраз би имале мерките на ЕУ за заштита од увоз на одредени челични производи, како и извоз на старо железо, поради фактот што македонската челична индустрија најголем дел од извозот го реализира на европскиот пазар, како главно комерцијално одредиште на оваа индустриска гранка која историски и географски припаѓа на пазарот на Европската унија. Истото важи и за увозот на старо железо од каде речиси целосно се снабдува македонската челична индустрија.

Во Објавата на Европската комисија дадени се рокови во коишто секоја компанија треба да се ангажира да ја потврди својата конкурентност врз пазарни основи и преку пополнување на понудениот прашалник да докаже дека не може да го загрози европскиот пазар по однос на количини и цени. Во тој контекст, членките на Здружението на металургијата се договорија да имаат координиран и усогласен пристап со надлежните државни органи и дипломатски претставништва во процесот на истрагата што ја спроведува Унијата. Поконкретно, Здружението на металургијата, покрај задолженијата за самите деловни субјекти, очекува  целосна и навремена вклученост на институциите на системот и политички да делуваат со цел македонската челична индустрија да биде изземена од мерките на САД и на ЕУ за ограничување на увоз на челични производи, од причина што таа не е фактор којшто на кој и да било начин би можела да го загрози нивниот пазар, но може да има крајно неповолни реперкусии врз  економијата на земјата.Особено голема штета ќе се нанесе ако Европа се одлучи на воведување заштитини царини, но уште понеповлоно би било доколу бидат определени квоти на ниво на реализраниот извоз во последните три години, кога тој заради познатите причини (кризата) беше реализиран на минималано ниво, посочи Кочовски.

Извозот на македонските челични производи е 256.000 тони или само 0,87 отсто од вкупниот увоз во ЕУ. Притоа се реализира по нормални, а не по дампинг цени. Тоа се минорни 0,87 отсто за ЕУ а значат многу за македонската економија, бидејќи на тој начин челичната индустрија учествува со 5,7 проценти во Бруто домашниот произзвод. Освен заштитата од увоз на одредени челични производи, дополнителен удар, потенцира Кочовски, е и мерката на ЕУ за ограничен извоз на старо железо.

Во македонската челична индустрија работат околу 3.000 лица, но покрај нив индиректно од мерките на САД и ЕУ ќе бидат погодени 15.000 ангажирани во поврзаните дејности. Кочовски посочи дека оваа 2018 година почна многу добро, пазарот заживеа и цените беа во пораст што навестуваше успешна деловна година за металуршкиот сектор. Сега индустријата е соочена со еден од најголемите предизвици досега кој може да биде фатален за македонската економија.

Можеби ќе ве интересира

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком