18 Декември, 2025
0.0392

Македонскиот електросистем бил пред колапс за празникот поради големиот број на фотоцентрали?

Објавено во: Економија 28 Април, 2025 11:22

Добивај вести на Viber

Македонскиот електросистем бил пред можен колапс за време на велигденските празници, поради големото производство на електрична енергија од фотоцентралите во земјата во ситуација кога истата немало каде да се пласира за потрошувачка, односно немало немало ни одблиску доволно побарувачка за таа струја. Неофицијално, принудно биле исклучени одреден број на централи со фотопанелки, а истиот проблем се очекува и за наредниот празник - 1-ви Мај.

Регулаторната комисија за енергетика донела вонреден акт за преземање мерки со кои на оператото на електросистемот АД МЕПСО, како и на Електродистривуција од 18 до 21 април им одобрил овластување по своја проценка да ги исклучуваат овие производители на електрична енергија.

„Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост, Скопје да ги преземе мерките од точка 1 на оваа одлука само доколку електроенергетскиот систем се доведе во состојба на управување во нарушена состојба и постои реална опасност од делумен или целосен распад, при исцрпени сите резерви на располагање за враќање на електроенергетскиот систем во нормална состојба. 

Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје Друштво за дистрибуција на електрична енергија, како носител на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на електрична енергија, да постапи по секое барање за исклучување на производители на електрична енергија приклучени на електродистрибутивната мрежа кое ќе го добие од Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост, Скопје во најкраток можен рок“, одлучено е во актот на РКЕ.

При тоа во мерката, која стапила на сила на 17 април, се наведува дека производителите (фотоцентралите) нема да бидат обештетени за загубеното производство

Директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, на денешната прес-конференција рече дека во моментов електопреносниот систем е стабилен, но потврди дека имало големи отстапувања во однос на планираното производство и реалната потреба за потрошувачка. Поради тоа, првиот човек на МЕПСО рече дека се зголемени банкарските гаранции кои ќе се активираат против трговците на електрична енергија доколку се балансно неодговорни.

- Ние сме соочени со затекната ситуација. За дел од трговците, може да кажеме дека една од мерките е тоа што го направивме - зголемување на фиксниот дел на банкарската гаранција, согледувајќи ги цените на електричната енергија на европските берзи. На долгорочно ниво сметаме дека фиксниот дел од банкарската гаранција е доволна. 

Имаше предизвици за време на викендов и затоа се преземени тие мерки, но тоа што можеме да го кажеме и за тоа ќе имаме посебен настан за кој сакаме да ве брифираме е дека правиме максимални напори да го стабилизираме системот и да немаме никакви проблеми во целата мрежа, рече Љатифи.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, во денешното интервју за МИА рече дека стабилноста на системот ќе биде најголем предизвик за регулаторното тело во 2025.

- Во велигденскиот викенд имавме ситуација кога се поклопија и католичкиот и православниот Велигден и здружението на европските преносни систем оператори ЕНЦО-И (ENTSO-E)  им даде налог на сите преносни оператори во Европа, вклучувајќи го и македонскиот, да ги преземат сите потребни мерки за да нема испади во системот и да биде избалансиран. И во Македонија беа преземени определени мерки и таму каде што требаше беа исклучувани одредени фотоволтаици со цел да имаме соодветно и стабилно функционирање на системот. 

Македонија во последниве две-три години се карактеризира со намалување на потрошувачката на електрична енергија. Пред се една од причините за тоа е што голем дел од компаниите инвестираа во подобрување во енергетската ефикасност, а голем дел од компаниите поставија и сопствени фотоволтаици на покривите. Тоа ќе биде дополнителен предизвик за операторот на преносниот систем и за операторот на дистрибутивниот систем, но тоа е реалноста, наведе Бислимовски.

Вакво нешто најави и министерката за енергетика,Сања Божиновска, минатата недела на брифингот со новинарите, кога рече дека истиот проблем со прекумерно производство бил забележан во соседна Грција.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа