17 Мај, 2024
0.0282

МАКЕДОНСКИОТ РЕБАЛАНС: Пица за сиромашни!

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Со ребалансот на буџетот, за годинава се кратат парите наменети за капиталните инвестиции, субвенции и трансфери, како и  за набавка на стоки и услуги. Но, се предвидува зголемување на сумите наменти за социјални трансфери и за плати и надоместоци. Задолжувањата ќе прододолжат, но со засилено темпо на странските пазари, а намалено на домашен терен.      Најголемо кратење на трошоците се прави кај сумата предвидена за капиталните инвестиции. Со ребалансот на буџетот до кој дојде Фактор,  за оваа намена се предвидуваат  45 милиони евра помалку. Односно наместо првично предвидените 412 милиони евра, сега за капитални проекти  предвидени се 366, 9 милиони евра. Намалување за 13,9 милиони евра има и кај износот за субвенции и трансфери, за што сега се планирани 224 милиони евра. За 1,7 милиони евра се намалуваат трансферите до општините, и за оваа намена сега се предвидени 271 милиони евра. Но, истовремено се зголемуваат сумите предвидени за социјални трансфери и плати и надоместоци. Па така, за годинава со ребалансот се предвидуваат, 27,4 милиони евра повеќе за социјални трансфери, односно нивниот износ е планиран на сума од 1,454 милијарди евра. Сумата за плати и надоместоци се зголемува за 7,65 милиони евра, и за оваа намена сега се планирани  да се потрошат 431 милиони евра. НАМАЛЕНИ ДАНОЧНИ И НЕДАНОЧНИ ПРИХОДИ, ЗГОЛЕМЕНИ ПРИХОДИ ОД ПРИДОНЕСИ Вкупните приходи, со ребалансот  се планирани на 2,834 милијарди евра, а преходно беа планирани на износ од 2,883 милијарди евра. Додека расходите сега се планирани на 3,178 милијарди евра, а претходно беа планирани на сума од 3,191 милијарди евра. Со новите проекции, државата планира да прибере 33, 8 милиони евра помалку даночни приходи  и 29, 5 милиони евра помалку од неданочни приходи, но исто така се планира дека во државната каса ќе се слеат 15,5 милиони евра повеќе од придонеси. Вкупни расходи
  • Буџет  3,191 милијарди евра                    Ребаланс 3,178 милијарди евра
Вкупни приходи
  • Буџет 2,883 милијарди евра                     Ребаланс 2,834 милијарди евра
Даночни приходи
  • Буџет  1,650 милијарди евра                    Ребаланс  1,617милијарди евра
  • Неданочни приходи
  • Буџет 299 милиони евра                            Ребаланс  269,5 милиони евра
  • Придонеси
  • Буџет 799,8 милиони евра                          Ребаланс  815,3 милиони евра
ЗАБАВУВА ТЕМПОТО НА ЗАДОЛЖУВАЊЕ ДОМА, СЕ ЗАСИЛУВА ВО СТРАНСТВО Со ребалансот на буџетот, дефицитот се зголемува за нови 36 милиони евра. Односно, ќе изнесува 3,6 отсто од БДП или 344,4 милиони евра наместо претходно предвидените 308 милиони евра. Финансирањето на дефицитот ќе се прави со задолжување на домашниот и странскиот пазар. Но, она што може да се види од ребалансот е дека ќе се намали темпото на задолжување на домашен пазар, а ќе се засили на странските пазари. Па така, ако со буџетот беа предвидени задолжувањата на домашен пазар да изнесуваат  307, 2 милиони евра, сега се предвидува тоа да изнесува  137,2 милиони евра. Односно, 170 милиони евра помалку задолжувања кај домашните кредитори. Оваа сума наместо од домашниот ќе се бара од странските пазари. Па така, наместо првично предвидените 371, 7 милиони евра, сега се превидува задолжувањето на странските пазари да изнесува 556 милиони евра. ПЕТРЕСКИ: АКО РЕБАЛАНСОТ СЕ ПРАВЕШЕ ПОДОЦНА РАСХОДИТЕ ЌЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ КРАТАТ УШТЕ ПОДРАСТИЧНО За економистите преполовената кореција на растот на економијата што сега се предвидува да изнесува 2,2 отсто, е коректна, но сметаат дека и на Владата и е јасно дека оваа проекција е под надолен ризик, како што всушност кажа и Народната банка. Оттука, велат  ако ребалансот се правеше подоцна, веројатно расходите ќе требаше да се кратат уште подрастично. „Очекувано, во ребалансот тековните расходи растат, под притисок на сите претходно дадени ветувања, додека жртва како и секогаш се капиталните расходи. Оттука, не гледам некое структурно поместување во смисла на тоа како се конципира и води фискалната политика“,вели универзитетскиот професор Марјан Петрески. Сето ова резултира дефицитот да се зголеми, и со сегашните проекции за БДП, тој е 3.6%. „Прогнозирам дека оваа бројка до крајот на годината ќе биде значајно пробиена, под притисок на потенцијалното понатамошно влошување на економската состојба. Тоа е спротивно на заложбата што ја даде самата Влада, дека фискалната политика ќе се консолидира кон поодржливи нивоа на дефицитот. Споредено со првично планираниот буџет, ребалансот јасно става до знаење дека буџетскиот дефицит ќе се финансира со еврообврзница, со оглед дека домашниот финансиски пазар е мошне кревок во контекст на политичката криза, заклучува Петрески.  Н.С.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи