15 Декември, 2025
0.0445

Македонскиот тим успеа во предизвикот, Париз е освоен во голем стил!

Објавено во: Мои пари 21 Април, 2016 12:51

Добивај вести на Viber

Пред една седмица 165 екипи појдоа од пет стартни точки во Европа, со заедничка цел да стигнат во Париз. Притоа имаа и величенствени моменти, но и го допреа дното, ставајќи ги на тест своите умеења и вештини. Од градење куќа од картон, па се до туширање под водопад, околу 500 студенти од целиот свет покажаа дека имаат одличен тимски дух. Размената на лименки за возење со хеликоптер, како и онаа за добивање лекции по сурфање на Лаго ди Гарда, претставуваат врвни моменти кои беа одбележани на листата со авантури.

Беа искористени 35 начини на траспорт, вклучувајќи комерцијални летови, хеликоптери, велосипеди, глисери, но и одење на сопствените стапала. Учесниците минаа низ 20 различни земји, почувствуваа различни временски услови и се сретнаа со поинакви култури. Секој тим мораше да помине низ шест попатни станици пред да стигне до целта, со што бројот на поминати градови е поголем од 40, а меѓу нив се Копенхаген, Лондон, Женева, Будимпешта, Виена, Бордо, Краков, Венеција и Мадрид.

Меѓу размените што беа направени се и оние за искуство со параглајдери, сноуборд, рентање автомобил, но и спиење во хотел со пет ѕвездички. Наспроти тоа се искуствата кога тимот морал да спие на под или да стопира со часови на врнежливо време.

- Никогаш не знаеш што ќе се случи следно. Еден ден спиевме во хотел со пет ѕвездички, а следниот бевме во картонската куќа на паркинг,- изјавија учесниците на тимот „Wauw“ од Белгија, кои финишираа на второто место.

- Сретнавме чудесни луѓе на нашиот пат, неверојатно е колку далеку можеш да стигнеш со неколку лименки и со малку шарм,- гласи пораката што беше споделена од победничкиот тим „Feel Alive“. - Ова беше тешка седмица, но успеавме, прекрасно патување!

Победничкиот тим имаше 580 поени, при што студентскиот тим од Естонија успеа да ги надгради своите оцени во последните денови од авантурата и беше прв според критериумот за популарност на социјалните мрежи, исполнување на предизвици на попатните станици, како и општиот резултат. Второпласираниот тим „Wauw“ од Белгија имаше 555 поени, додека американскиот „USU“ имаше само пет помалку, а беше прв во категоријата за авантури.

Македонскиот тим „Борово“ беше меѓу оние што појдоа од Кардиф и заврши на 67 место, а воедно претставува втор најдобар резултат меѓу осумте екипи кои беа од земјите на поранешна Југославија. Во таа конкуренција најдобро пласиран беше еден од трите тима што учествуваа од Словенија на 50 место, додека зад македонскиот тим беа другите два словенечки тима, два од Србија, како и претставниците на Црна Гора и Хрватска. Минувајќи низ 3 земји, Борис Соколов, Марко Рочевски и Волхан Салаи поминаа 1.609 километри и потрошија 112 лименки Ред Бул. Тие поминаа на четири попатни станици и според статистиката најмногу поени имаат според параметарот за авантури, додека најслаба алка им се поените од социјалните мрежи.

На официјалната страница https://www.redbullcanyoumakeit.com можат да се погледнат фото и видео материјалите од сите екипи, како и дневните репортажи од осумте дена во кои Европа татнеше од трката на студентите обединети во предизвикот на Стариот континент.

Можеби ќе ве интересира

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026