Македонските деца до 12 години бесплатно ќе летаат до Дубаи
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2013 13:36
Авиопревозникот „Флајдубаи“ им овозможува бесплатен лет до Дубаи на децата до 12 години, во наредните три месеци.
Ова е дел од промотивните активности на авиопревозникот Флајдубаи за да го промовира Дубаи како врвна туристичка дестинација и да им овозможи на патниците да патуваат почесто во градот.
Семејствата кои ќе купат авионски билет од Скопје до Дубаи најдоцна до 31 јули за лет до 10 септември ќе можат со себе да носат деца до 12 години без да платат надоместок.
„Една од нашите цели како компанија е да воспоставиме нови врски меѓу Обединетите Арпаски Емирати и Скопје. Оваа специјална понуда на семејствата ќе им овозможи да ужуваат во уште подостапен одмор во Дубаи на којшто ќе можат да се забавуваат во одделите за игра во трговските центри и да се восхитуваат на панорамата на Дубаи. Заштедувајќи на билет за децата, семејствата можат да потрошат повеќе средства во текот на одморот“,изјави Гаит Ал Гаит, извршниот директор на компанијата.
За време на летот до Дубаи патниците можат да изберат повеќе од 1.000 часа постојана забава од современиот систем на „Флајдубаи“, 220 филмови, 160 телевизиски програми, игри и музика.
Дубаи се наметна на листата со најпопуларни и најбарни дестинации меѓу македонските граѓани. Почетната цена на повратен билет е 396 евра.
Освен со Дубаи, авиопревозникот го поврзува Скопје и со егзотични дестинации како Коломбо, Шри Ланка, и Мале, главниот град на Малдивите. Исто така може да се воспостават и конекции кон Австралија и кон други дестинации со само едно попатно запирање во Дубаи.
За време на промотивниот период „Флајдубаи“ од Скопје лета во понеделник, четврток и во недела.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




