25 Ноември, 2024
0.0802

Македонските државјани кои беа „заглавени“ во странство, едвај чекаат да се вратат дома

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Многу македонски граѓани кои коронавирусот ги затекна во странство, по што границите се затворија, сега едвај чекаат целосно да се отворат границите и аеродромите за да се вратат дома.

Тие со месеци останаа во земјите во регионот и Европа и будно следеа што се случува со рестриктивните мерки. Денеска се отвораат граничните премини без обврска за одење во карантин или приложување на корона тест, а од 1 јули ќе профункционира и авиосообраќајот на скопскиот и охридскиот аеродром, кои беа затворени во месец март поради пандемијата.

„Свекрва ми дојде пред 4 месеци бидејќи се породив. Tребаше да седи еден месец, и да си оди, но „заглави“ тука, не можеше да си отиде. Од имиграционо ни кажаа да oстане додека да се отворат границите“, вели македонска државјанка која живее и работи во Данска.

Граѓани од источниот, но и од западниот дел на државата со месеци останале „заглавени“ во странство кај роднините поради пандемијата на коронавирусот.

„Стотина жители на нашето село, луѓе кои се на возраст над 60 години и кои заминале во Италија да ја поминат зимата кај децата, беа „заглавени“ таму поради вирусот. Сега се отвораат границите, и тие прашуваат, се информираат за да се вратат дома. Мал дел има и во Германија. Состојбата е слична и во соседните села, во цел рекански крај, до Дебар и Центар Жупа“, вели Зурап Куртовски, жител на селото Скудриње во Општина Маврово Ростуше.

Казафер Емруловски, просветен работник и жител на селото Броштица, во Општина Центар Жупа раскажува дека мештани од нивното село останале во Италија и Германија кај своите деца, но сега откако фреквенцијата на патници ќе се нормализира, ќе можат да се вратат дома.

„Се работи за десетина луѓе, кои заминаа за Нова година кај децата во странство. Тие секоја зима одат кај своите деца за да ги чуваат внуците. Тоа се постари луѓе, пензионери. Нашето село е планинско, а преку зима бидејќи немаат обврски, вообичаено одат во странство кај децата. Сега откако ќе се отворат границите, ќе биде подобро и ќе може да си дојдат. Дел од жителите претходно се вратија со хуманитарните летови“, објаснува Емруловски.

Од Министерството за надворешни работи месецов беше соопштено дека иако претходно граѓаните сакаа да се вратат дома, сега има и обратен процес, односно сакаат да заминат во Европа, за што на дневна основа во МНР добивале од 50 до 100 повици.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти