17 Мај, 2024
0.0274

Македонските министри и премиерот на роуд шоу, бараат инвеститори низ САД

Објавено во: Економија 26 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Вчера на бизнис форум во Чикаго, денеска роуд шоуто на македонската владина делегација продолжува во Бостон. Во рамките на посетата на САД, делегацијата на чело со премиерот Никола Груевски, во Чикаго презентираше што нуди земјава на странските инвеститори. За време на бизнис форумот, инаку со со поддршка на американската компанија „Денстон“,  триесетина претставници на американски компании од повеќе области можеа да се запознаат со даночните олеснувња, евтината работна сила, слободните економски зони, но и останатите поволности што им се нудат на странците за влез во Македонија. Како една од главните „мамки“ им се презентирала и можноста, преку Македонија да добијат пристапот до пазар од стотици милиони европски потрошувачи. „Од една страна, Македонија е земја која нуди најниски трошоци за водење бизнис во Европа, од друга, поседува млади и добро едуцирани луѓе подготвени да работат и придонесат за странските компании. Кога велам најниски трошоци за водење бизнис мислам на сите трошоци, особено на даноците. Персоналниот данок на доход е само 10 проценти, а данокот на добивка е исто така 10 проценти, и тоа само за компаниите кои ќе ја распределат добивката како дивиденда. Оние кои нема да ја распределат не плаќаат данок неограничен број години и за неограничени износ“,  истакнал Груевски. Американски бизнисмен со македонско потекло Мајк Зафировски , пак ги храбрел бизнисмените да ја вметнат Македонија во своите размислувања и анализи за проширување на бизнисите. „Од мое лично искуство во последните седум, осум години можам да ви кажам дека Владата има многу голема про бизнис ориентација, многу од старите ограничувачки регулативи се отфрлени, има фискална и регулаторна стабилност и сите макроекономски индикатори, како инфлацијата и дефицитот, се позитивни“, посочил Зафировски. Како дел од делегацијата во Чикаго, заминале и министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида. За американските бизнисмени, средбата била позитивна, а според Ендру Магличели од компанијата „Марун капитал груп“, ваквите настани треба почесто да се случуваат. „Јас сум во бизнисот со еквити фондови и на овој начин можеме да ги увидиме и разбереме условите во Македонија. Позитивно е што една земја носи министри за да се сретнат со бизнис лидерите во Чикаго и да разговараат и да се соочат со нив. Нема земја во Југоисточна Европа која прави толку многу за да го обезбеди економскиот развој и да покаже транспарентност за да се промовира како место во кое што сака западните компании да инвестираат“, истакнал бизнисменот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА