Македонско-руски бизнис форум
Објавено во: Економија 19 Ноември, 2012 09:06
Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора денеска организираат Македонско-руски бизнис форум, со цел воспоставување билатерални деловни контакти со руските компании од неколку стопански сектори како земјоделство, трговија на големо и мало, увоз на производи за широка потрошувачка, облека и обувки, прехранбена индустрија и друго.
Бизнисмени од Тамбовската област, од Руската Федерација престојуваат во Република Македонија, со цел воспоставување деловни контакти со компании од земјата од повеќе стопански дејности.
Тамбовката област е федерален регион во Русија, се наоѓа околу 460 километри јужно од главниот град, еден од главните центри за нанотехнолошки иновации. Според пописот од 2002 година, во оваа област живеат 1,2 милиони жители. Административен центар е градот Тамбов.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




