20 Декември, 2025
0.0608

Македонското „ИоТ“ решение можен победник на интернационалниот натпревар Business Wall of Fame

Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2015 18:12

Добивај вести на Viber

На 22 јуни точно на полноќ заврши фазата на гласање на Интернационалниот натпревар Business Wall of Fame, во организација на Дојче Телеком и Македонски Телеком, на кој учествуваа развивачи кои имаа готови М2М решенија, односно, решенија за поврзани машини, кои вклучуваат хардвер, софтвер и поврзување, а се применливи за други компании како крајни корисници. На натпреварот беа пријавени вкупно 161 решение од кои 6 се македонски. Во трката на Интернационалниот натпревар сепријавени 5 од нив.

„Нé радува фактот што нашите развивачи го препознаа потенцијалот и придобивките од учеството во овој натпревар и ги пријавија своите решенија. Сите решенија имаат огромен потенцијал и се применливи и локално и интернационално. Со нетрпение го очекуваме 7 јули кога од страна на стручната жири комисија ќе биде и официјално прогласен победникот, со кој се надеваме ќе изградиме одлична партнерска соработка“ - изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ - Директор на сектор за развој на деловни и ИКТ услуги и решенија.

Решението Agro IT, наменето за менаџирање на фарми, се наоѓа на 1-во место на Интернационалниот натпревар со освоени 2166 гласови. Зад него,на 2-ро место се наоѓа решението LineMetrics - Easy sensor based optimization for European SMEs,  кое доаѓа од Австрија, со освоени 1847 гласови. Останатите Македонски решенија кои се во топ 15 на интернационалниот натпревар се IP Home and Office, решение за контрола на домот, со освоени 1071 гласови, кое се наоѓа на 4-тото место и BCON Wireless socket, уред за контрола на домот, со освоени 987 гласови се наоѓа на 6-тото место.

На  локалниот натпревар, на 1-во место се наоѓа решението Agro IT, на 2-то место се наоѓа IP Home and Office, на 3-то место се наоѓа BCON Wireless Socket, а на 4-тото место се наоѓа Интелигентниот омекнувач,  решение со кoе се врши контрола на тврдоста на водата. Интересни решенија кои доаѓаат од Македонија се и Fueloyal Technology и секако Паметниот бојлер на Леов.

И покрај поените, стручната жири комисија ќе го даде последниот збор во однос на победникот и во однос на тоа сите решенија во првите топ 15 и натаму имаат еднакви шанси за победа.

За повеќе информации посетете ја страницата: https://www.wallofbusiness.com/international

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии