Македонците пијат најмалку пиво на Балканот?!
Објавено во: Стил 21 Јануари, 2013 10:46
Во Македонија се трошат околу 550 илјади хектолитри пиво годишно, или 27 литри по глава на жител, што е помалку во споредба со другите земји од регионот, вели генералниот директор на Пивара Скопје Јаак Микел за хрватски Бизнис плус.
За споредба, во Словенија и во Хрватска конзумирањето на пиво по глава на жител е 80 литри годишно.
„Сегментот на пиво во Македонија сега е стабилен, но се уште се троши значително помалку отколку во 2008 година пред кризата и промената на домашното законодавство во делот на продажба на алкохолни пијалоци“, појаснува Микел и додава дека главниот потенцијал за раст е во зголемување на потрошувачката на пиво по жител и поголема атрактивност на целиот сегмент на широката база на потрошувачи.
Пивара Скопје е најголем производител на пиво и безалкохолни пијалоци во Македонија пред пиварниците во Прилеп и Битола и држи околу 50 отсто од пазарот на пиво во земјата, пишува Бизнис плус
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





