20 Декември, 2025
0.0595

Македонците платиле над 12 милиони евра за пива и сокови oд „Прилепска пиварница“

Објавено во: Економија 25 Август, 2016 07:55

Добивај вести на Viber

Продажбата на домашниот пазар пораснала за 8 отсто односно речиси 1 милиони евра во споредба со истиот период лани. За „Златен даб“, „Крали Марко“, „Пепси“, „Газоза“ и „Миринда“ нашите граѓани платиле 748,1 милиони денари. Многу е значајно тоа што компанијата во овој период има приходи од камати кои се речиси 300.000 евра, а нема трошоци за камати затоа што не должи за кредити! Македонците за шест месеци за пива и сокови од „Прилепска пиварница“ платиле 748,1 милиони денари односно повеќе од 12 милиони евра. Што значи дека просечно месечно во првата половина од годинава граѓаните купуваат производи на „Прилепска пиварница“ во вредност од над 2 милиони евра! Ова го покажува официјалниот биланс на успех што „Прилепска пиварница“ го објави на веб страницата на Македонска берза за хартии од вредност. Дополнително позитивно е тоа што приходите од продажба на домашниот пазар на оваа пиварница пораснале за 56 милиони денари што е речиси 1 милион евра повеќе од истиот период лани! Според достапните податоци оваа доминантно домашно поседувана пиварница речиси целосно е фокусирана на македонскиот пазар затоа што приходите од нашиот пазар надминуваат 96 отсто од целиот приход од продажби на прилепската компанија. Вкупните приходи од продажба на компанијата во првата половина од годинава изнесуваат 761,2 милиони денари и се за 8 отсто поголеми од приходите од продажба што ги оствари во истиот период  лани. Оперативните расходи очекувано растат во однос на лани затоа што го следат растот и на приходите од продажба. Тие до крајот на јуни годинава се за 9 отсто повисоки од лани и изнесуваат 681,3 милиони денари односно 55 милиони денари повеќе од лани. Најголем е растот на трошоците за набавна вредност на трговските стоки. Тука износот е 117 милиони денари и е за 28 отсто односно за 26 милиони денари повеќе од лани. Кај најголемата ставка т.е. трошоците за суровини трошокот е 322,7 милиони денари и е 1 отсто повисок од истиот период лани. Нето добивката на компанијата во овој период е 104 милиони денари и во споредба со истиот период лани е пониска за 9,8 милиони денари односно за 9 отсто. Во овој период вредноста на залихите е 80,2 милиони денари што во споредба со лани е раст за 39 отсто. Со оглед на тоа дека сега привршува шпицот на сезоната за продажба на пива и сокови (јули-септември) допрва треба да се чекаат резултатите од конзумацијата на пивата и соковите на „Прилепска пиварница“ на домашниот пазар. Значајно да се истакне од билансот на состојба е тоа што компанијата нема обврски спрема банките ниту по основ на долгорочни ниту по однос на краткорочни кредити. Оваа компанија е во доминантна сопственост на домашни акционери и тоа се три члена од семејството Самарџиоски: таткото Кирил поседува 62,6 отсто од управувачките права, неговиот син Сашо актуелен директор Сашо поседува 5 отсто исто колку и неговата сестра Панде. Вкупно 126 домашни физички лица поседуваат уште околу 7 отсто, а 10 странски правни лица имаат 10 отсто и уште 10 домашни правни лица поседуваат 7 отсто од управувачките права. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба