20 Декември, 2025
0.0408

Македонците за пола година платиле над милион евра за одела, костуми и блузи на “Тетекс“

Објавено во: Економија 02 Септември, 2016 07:42

Добивај вести на Viber

Компанијата ги зголемила продажбите на домашниот пазар за 16 отсто од лани. Но и понатаму профитот на „Тетекс“ во најголема мерка е резултат на дивидендата што ја зема од акциите во  „ТТК Банка“ и од уделот во „Петрол гас“, вкупно околу 300.000 евра што е 60 отсто од целиот профит на полугодие. Останите 40 отсто се профит од дејноста. „Тетекс“, најпознатиот македонски производител на конфекција, во првата половина од годинава има прилив од речиси 300.000 евра од дивиденди односно 17,5 милиони денари. Тоа е 60 отсто од неговиот полугодишен профит што изнесува 29,6 милиони денари. Од официјалните биланси на „Тетекс“ се гледа дека приходите од дивидени повеќе влијаат врз позитивното работење на компанијата од приходите од дејноста. Сепак многу важно да се потенцира е тоа што „Тетекс“ во првата половина успеал да ги намали своите обврски за 34 отсто и да ги сведе на износ од 98,4 милиони денари. Многу е значајно што оваа компанија нема кредити! Од билансот се гледа дека ставките за краткорочни и долгорочни кредити и позајмици се нула. Во структурата на обврските доминира ставката одложено плаќање на трошоци и приходи на идните периоди и тоа зазема половина од сите обврски. Значајна е и ставката обврски кон добавувачи која изнесува 31 милиони денари и е на исто ниво како и лани. Ставката останати краткорочни расходи бележи пад за 69 отсто во однос на мината година и сега изнесува 17,5 милиони денари што всушност е и клучот за намалените обврски на оваа конфекциска компанија. Од билансот на успех се гледа дека „Тетекс“ во првата половина годинава се концентрирал на домашниот пазар и неговиот приход изнесува околу 1,2 милиони евра односно 62,8 милиони денари и во споредба со истиот период лани е повисок за значајни 16 отсто. За сметка на тоа намалени се приходите од странските пазари за 29 отсто до ниво од 41,3 милиони денари. Сума сумарум приходите од продажба на „Тетекс“ во овој период се 104,1 милиони. Вкупните приходи за овој период изнесуваат 173 милиони денари и се поголеми за 23 отсто во споредба со лани. Иако мали според вредноста и учеството во структурата на вкупните приходи значајни поточно енормни растови имаат ставките останати оперативни приходи кои се над 31 милиони денари и се повисоки за 125 отсто од лани и капитализираното сопствено производство и сулуги кои бележат раст во однос на лани од 165 отсто и се на ниво од 37,9 милиони денари. Оперативните расходи на компанијата за овој период се 153,3 милиони денари и се за 6 отсто повисоки од лани. Најголема ставка се трошоците за суровини и други материјали кои изнесуваат 71,2 милиони денари и трошоците за вработените кои се 48,2 милиони денари. „Тетекс“ е доминантно поседувана домашна компанија во која најголемиот акционер има 12,7 отсто од акциите и тоа е Глигорие Гоговски долгогодишен генерален директор. „Тетекс“ има вкупно уште 1262 домашни акционери – физички лица кои поседуваат 82 отсто од акциите. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба