19 Декември, 2025
0.1362

Макпетрол или Оф Шор: Змија да те апне или магаре да ти го бапне!?

Објавено во: Економија 05 Јули, 2016 07:28

Добивај вести на Viber

Деновиве сме сведоци на невидена силна негативна кампања што некои домашни медуми ја водат против фирма што јавно соопшти дека има намера да поднесе јавна понуда и да стане мнозински сопственик на акциите во најголемата македонска компанија за трговија на големо и мало со нафта и деривати „Макпетрол“. Поголем дел од македонската јавност гледа со недоверба кон понудувачот или можеби со неверување дека некој може да дојде и согласно со нашите закони јавно да соопшти дека сака да го превземе „Макпетрол“ по цена од 25.900 денари за акција, значајно повисока од последната пазарна цена што таа акција ја постигна на нашиот пазар. Офшорка? Недовербата или невербата е можеби заради тоа што досега кај нас ваков случај и нема. А тоа е зачинето и со фактот дека фирмата што се јавува е „но нејм“ во овој бизнис и дека е „офшорка“ што укажува на тоа дека се работи за пари чие потекло може да биде од нелегални активности. За компанијата и првите луѓе на компанијата беше напишано дека се дел од криминал, мафија, перење пари. Главно се споменуваат две имиња. Покрај Ури Бидер, сопственикот на „Балкан петролеум холдинг лимитед“, компанијата основана пред само 35 дена, посебно внимание привлекува името на Михаил Черни, долгогодишен партнер и соработник на Бидер. Черни е израелски државјанин, бизнисмен и индустријалец, роден во Узбекистан. За него беше напишано дека тој за првпат се појавува на руската бизнис-сцена на крајот на 80-те, кога по распадот на Советскиот Сојуз влегува во алуминиумската и челичната индустрија и станува дел од новосоздадената руска олигархија, па дури и дека од овој период се првите информации за поврзаност на Черни со мафијата. Медиумите јавија и дека за македонската јавност, интересна е поврзаноста на Михаил Черни со скандалот со рафинеријата „Рафо“ во Романија. Во овој случај руско-израелскиот милијардер е вмешан во преземање на нафтена компанија на Балканот, а последиците биле катастрофални за вработените и за романската економија. „Ако се има предвид овој богат „минат труд“ на луѓето околу сопственикот на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, Ури Бидер, разбирливи се стравувањата и сомнежите дека се подготвува повторување на нивните дубиозни бизнис-игри и во Македонија“ пишуваат македонските медиуми. Балкан петролеум демантира и покажа гаранции Балкан Петролеум пак ги демантираше, како што вели во соопштението, сите невистини поврзани со преземањето на Макпетрол Скопје. Компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, која што на 09.06.2016 објави намера за преземање на Макпетрол АД Скопје, вчера извести дека на 01.07.2016 е испорачана банкарска гаранција врз основа на договор склучен со Централен Депозитар за хартии од вредност на Република Македонија. Банкарска гаранција е издадена од UBS Zurich Швајцарија на износ од 47.500.000 евра и истата е пристигната во НЛБ Банка од каде што е подигната од овластено лице од депозитарот на 01.07.2016 година. „Следен чекор на тимот за преземање на компанијата Макпетрол е финиширањето на потребните документи за комплетирање на каталогот со информации за преземачот до Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија, а предавањето е најавено за оваа недела“ соопштија од Балкан Петролеум. Како работи Макпетрол? Сега во оваа прилика уште еднаш да ги наведеме фактите за тоа како актуелниот менаџмент го води „Макпетрол“, какви се резултатите од работењето и за улогата на фирмата ќерка ОИЛКО: - „Макпетрол“ 2015 година ја заврши со добивка од 212.300 евра и тоа со зголемен износ на обврските кон добавувачите и пад на залихите; -фирмата ќерка ОИЛКО 2015 година ја заврши со добивка што надмина 1 милион евра; -2015 година „Макпетрол“ го прекина постот – три години по ред да работи со загуба; -во годините кога работи со загуба и кога работи со добивка платата на Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ надминува 11.000 евра месечно; - За работењето од 2013 до 2015 година Јосифовски од ОИЛКО добил дивиденда што надминува 12 милиони денари (околу 200.000 евра) - ОИЛКО е најголем акционер во „Макпетрол“, а „Макпетрол“ е најголем акционер во ОИЛКО. Андреја Јосифовски долги години го води „Макпетрол“, а поседува 15 отсто од сите акции во ОИЛКО -лани паѓал приходот од продажба на „Макпетрол“ , кој паѓа неколку години по ред; - додека паѓал приходот од продажба лани во споредба со 2014 година, растела количината на продадени деривати лани во споредба со 2014 година; Повеќе на следниве линкови http://faktor.mk/2016/03/12/kako-stigna-do-dobivka-po-tri-godishen-post-makpetrol-konechno-vo-pozitiva/ http://faktor.mk/2016/03/14/srekno-trkalo-oilko-napravi-profit-od-milion-evra-vozejki-za-makpetrol/ http://faktor.mk/2016/03/04/tsrven-signal-koj-i-zoshto-plati-241-000-evra-za-aktsii-vo-zagubarot-makpetrol/ http://faktor.mk/2016/06/11/prochitajte-zoshto-makpetrol-e-zlatna-kokoshka-na-makedonskata-ekonomija/ http://faktor.mk/2016/06/10/prezemane-50-milioni-evra-se-zafrkantsija-za-firma-kako-makpetrol/  

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?