18 Декември, 2025
0.0413

„МАКПЕТРОЛ“ ОБЈАВИ ВАЖНА ВЕСТ ЗА СВОИТЕ АКЦИОНЕРИ - еве што треба да знаат сопствениците на акции

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2024 11:38

Добивај вести на Viber

Нафтената компанија „Макпетрол“, како што и најави, ќе дели дивиденда за своите акционери.

Исплатата стартува сега, а оние акционери кои досега не доставиле податоци за трансакциска сметка или оние кои не ги ажурирале своите податоци, се повикуваат тоа да го сторат што побргу. И оние што не се запишани во УЈП како даночни обврзници, да ги преземат потребните мерки за нивно запишување.

„Се известуваат сите иматели на обични акции дека Друштвото согласно Одлуката од 28 мај донесена на XXVIII-тото годишно Собрание на акционери, ќе врши исплата на дивиденда во пари, во бруто-износ од 3.700 денари по акција, со датум на пресек на акционерската книга 18.6.2024 година. Се известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за трансакциската сметка, а заради исплата на дивиденда, да ги достават податоците. Се повикуваат акционерите – физички лица да ги ажурираат своите податоци, вклучувајќи ја и адресата на живеалиштето, во Централниот Депозитар за Хартии од вредност. Истата ќе се користи за уредна достава на пресметката на данокот на доход, на кој подлежи исплатата по основ на дивиденда. Дополнително акционерите - физички лица, кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП“, се вели во објавата од компанијата. 

Целата објава тука

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа