22 Декември, 2024
0.0356

„Макпетрол“ организира работилници против врсничко насилство наменети за родители

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, продолжува со повеќе различни активности. Меѓу нив е и одржување низа работилници преку кои и родителите ќе се здобијат со знаења и ќе споделат искуства во врска со проблемот со булингот. Овие едукативни средби ќе се одржат во општините што се приклучија на кампањата, ќе ги предводи популарниот актер Сашко Коцев, а за стручниот аспект ќе биде задолжен психологот Деспина Стојановска, која изминатава година на оваа тема работеше со учениците низ цела Македонија.

- Клучна пречка за решавањето на проблемот со врсничкото насилство е токму комуникацијата, односно отсуството од отворен разговор на оваа тема. Не само од децата и учениците како најзасегнати, туку и од нас, како родители чија улога е веројатно пресудна во нивното воспитување. Презадоволни сме што како резултат на нашата кампања сега значително повеќе се зборува за булингот. Тоа ни беше и една од најважните цели, но знајеќи колку овој проблем е комплексен, секако нема тука да застанеме. Продолжуваме со вклучување и на возрасните, односно родителите, како клучен фактор во препознавањето на случаите на врсничко насилство, а потоа и како најодговорни во подобрувањето на личната и на емотивната состојба на децата кои на некаков начин директно се соочиле со овој проблем - вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

Првата работилница закажана за 5 октомври (сабота) ќе се одржи во Општина Центар, во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ со почеток во 18 часот. Родителите од ситеопштини што се приклучија на кампањата на „Макпетрол“ ќе имаат прилика подетално да се запознаат со проблемот со булингот, а за овие средби компанијата навремено ќе информира за местото и датумот на одржување.

Во досегашниот тек од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, „Макпетрол“ овозможи работилници за ученици во над 150 училишта. Овие установи се дел од 26 општини што во активностите на компанијата препознаа вредност и несебично ги поддржаа. Неофицијалните проценки велат дека помеѓу 35,000 и 45,000 деца учествуваа во овие едукативни средби.

Во рамки на кампањата се одржа и отворениот настан „Со позитивна енергија против врсничкото насилство“ на којшто  настапија Диџеј Боно, Сашко Коцев, „Биби и Боби“, Лозано, Пајак, Жељко Самарџиќ, Весна Петрушевска со децата од нејзината актерска школа, како и други гости. Во интернет-просторот, кампањата е активна преку вебсајтот kreniglas.mk каде што се достапни најразлични едукативни материјали. На оваа адреса сите кои на каков било начин се соочиле со врсничко насилство, можат анонимно да ја споделат личната приказна.

Проектите со кои што се обезбедува поддршка на заедницата се дел од работата на „Макпетрол“ во текот на целото нејзино повеќедецениско постоење. Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ во фокусот ги има младите, кои и во иднина ќе бидат значаен дел од општествено одговорните активности на компанијата.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН

КАРАВАНОТ „ЗИМСКА НОВОГОДИШНА БАЈКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ШИРИ МАГИЈА НИЗ СКОПЈЕ

КАРАВАНОТ „ЗИМСКА НОВОГОДИШНА БАЈКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ШИРИ МАГИЈА НИЗ СКОПЈЕ

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит

Тинекс и Mastercard со заедничка кеш-бек кампања

Тинекс и Mastercard со заедничка кеш-бек кампања

ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток во духот на празничното дарување

ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток во духот на празничното дарување

Samsung претстави нови фрижидери со иновативна AI технологија за хибридно ладење на CES 2025

Samsung претстави нови фрижидери со иновативна AI технологија за хибридно ладење на CES 2025

Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје