18 Мај, 2024
0.0275

 „Макпетрол“ работи на екстази! Јосифовски најавува дивиденда

Објавено во: Економија 31 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Колку Андреја Јосифовски го исплаши понудата за непријателско превземање? Многу работи се променија по објавата на непријателско превземање на „Макпетрол“. Компанијата на пола година има добивка од 2 милиони евра, ја зголемила продажбата, ги намалила расходите. ОИЛКО сега вози поголеми количества деривати на „Макпетрол“ за помалку пари. Во образложението на билансите менаџментот на „Макпетрол“ нескриено најавува дека работи за да подели дивиденда! Дали е ова обид да се умилкуваат на незадоволните пумпаши-акционери? Намалени приходи од продажба за 30 милиони евра односно за 1,6 милијарди денари. Зголемени количества на продадени деривати за 11,6 милиони тони односно за 12 отсто. Зголемена продажба на стоки и услуги воопшто. Намалени обврски спрема банките за 175 милиони денари (околу 3 милиони евра). Добивка од 2 милиони евра на полугодие. Расходите за камати по кредитите намалени за 20 отсто. Истовремено со тоа ОИЛКО ги намали приходите од продажба во услови кога вози поголеми количества деривати затоа што „Макпетрол“ објави дека продал 12 отсто поголема количина деривати . Да, не сте грешка се работи за „Макпетрол“ компанијата која долго време книжеше загуби, се жалеше на стапот на Регулаторна комисија за енергетика и на нелојална конкуренција. Магија ли е ова? Или ова е само последица на понудата за непријателско превземање што ја даде една компанија и за која уште одлучува Комисијата за хартии од вредност. Дали фактот дека некој сака да им го земе „Макпетрол“ ги освести Андреја и неговата раководна екипа? Како сега одеднаш „Макпетрол“ може да работи со добивка и тоа при намалени приходи? Како сега износот на камати по кредитите падна за 20 отсто во однос на она што лани го давале за камати? Какви се сега овие ветувања дека ќе делат дивиденда? Цитираме дел од образложението „создаде услови за реално очекување за исплата на дивиденда“ објавено во образложението на менаџментот за резултатите од полугодието. И клучното прашање? Ве молам објавете колку „Макпетрол“ му платил на ОИЛКО за превоз на колкаво количество деривати за првата половина годинава, а колку му платил за колкаво количество превзени деривати лани? За да може да се спореди. Извештајот за првото полугодие е брилијантен  во споредба со истите за претходите години. Се виде големината, силата и стариот сјај на „Макпетрол“ една од најсилните домашни и домашно поседувани компании. Излегува дека кога се работи за сопствената кожа може да се работи и поинаку. Дека може да се промени стратегијата дека сите други се виновни за нашиот лош резултат. Клучното прашање е : дали Андреја ќе ја поврати довербата на многумината пумпаши-акционери, луѓето што ги заборави, маргинализираше им ги намалуваа платите, во тек на последниве неколку години? Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа