05 Декември, 2025
0.1094

Макпетрол за Фактор: Барањето за зголемување на акцизите за горивата е оправдано

Објавено во: Економија 10 Април, 2020 07:05

Добивај вести на Viber

Поддршка за зголемување на акцизите на нафтените деривати и од нафтените компании. Стопанската комора побара да се зголемат акцизите на бензините и и на дизелот за два денари, а акцизата за екстралесното гориво да се зголеми за 9 денари и да се изедначи со таа на дизелот, за да запрат злоупотребите со ова гориво. Од Министерството за финансии не коментираат ништо и велат дека не добиле такво барање, но барањето добива на поддршка. Од Макпетрол за Фактор велат дека тие повеќепати укажувале за злупотребите на екстралесното гориво и кај оваа и кај претходните влади. Затоа се смета дека е потребно зголемување на акцизниот дел на ова гориво со што ќе се дестимулира неговата употреба како погонско гориво.

„Злоупотребите се прават бидејќи акцизата за овој енергенс е за 9 денари пониска од акцизата на за дизелот - и затоа има масовна злоупотреба, односно Екстралесното да се користи како погонско гориво што не е дозволено со закон.

Со ова се согласува и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски кој вели дека е точно дека екстралесното гориво се користи како погонско гориво што дополнително може да влијае и на загадувањето. 

Од Стопанската комора велат дека користењето и употребата на маслото за горење екстра лесно ЕЛ-1 како гориво за греење во практиката е многу тешко да се контролира

„Во пракса често се изигрува Законот за акцизи, па од страна на потрошувачите се случува маслото за горење екстра лесно ЕЛ-1 да се користи како погонско гориво наместо како гориво за греење. Дополнително, кон ова треба да се потенцира и еколошкиот аспект - екстра лесното гориво ЕЛ-1 во едно литро содржи 100 пати повеќе сулфур во однос на едно литро дизел гориво, вели Татјана Штерјова, директор на Дирекцијата

Дополнително, од Макпетрол велат и дека се согласни со предлогот за зголемување на акцизата за нафтените деривати.

„Имајќи предвид дека цените на дериватите во последниот период се намалени за повеќе од 20 денари, како и тоа дека Северна Македонија во регионот, но и во рамки на Европската Унија има најниска акциза, а при тоа земјата е во состојба каде продажбата на нафтените деривати е драстично намалена во споредба со лани, јасно е дека тоа значително ќе ги намали и приходите во буџетот - затоа сметаме дека ваквиот предлог од комората е оправдан, велат од Макпетрол.

Прв ова прашање го отвори претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, соопштувајќи ги барањата на компаниите членки на комората. Образложувајќи го Штерјова вчера рече дека на ваков начин, во буџетот ќе се соберат дополнителни 46,2 милиони евра на годишно ниво.

Барањето е постојната акциза за безоловен бензинда се зголеми за два денара на износ од 23,692 денари, акцизата за гасно масло кое се користи како погонско гориво (евродизел гориво) да се зголеми за два денара на износ од 17,121 денари, додека акцизата за гасното масло што се користи како гориво за греење (екстралесно гориво) да се изедначи со акцизата за дизел горивото, односно да изнесува 17,121 денари.

Комората бара и реактивирање на нафтоводот Скопје-Солун, бидејќи земјава е една од ретките која има нафтовод што не го користи од 2013 година. Според Макпетрол и овој предлог е прифатлив, затоа што би се намалила цената на дизелот - бидејќи ќе се намалат трошоците за транспорт на дизелот, но треба да се има во предвид дека ќе се намали и работата кај одреден број транспортери. Но, од друга страна ќе биде посигурно снабдувањето, велат од Макпетрол.

Бизнисот бара зголемување на акцизите за нафтените деривати.

Бизнисот бара поврат на ДДВ за 15 дена

Александра Томиќ


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“