18 Декември, 2025
0.0814

Макпромет Штип: Акционерот Миле Атанасов на директорот Миле Атанасов му дава 10.000 евра месечна награда!

Објавено во: Економија 02 Јули, 2014 08:42

Добивај вести на Viber

Наспроти Атанасов, другите две членки на директорскиот борд ќе добиваат награда од по 5.000 денари месечно

Штипската компанија „Макпромет“ дава 614.000 денари (10.000 евра) месечна награда за претседателот на Управниот одбор Миле Атанасов. Одлуката за награда на претседателот на Управниот одбор важи за 2014 и 2015 година, а е усвоена на акционерското собрание на таа компанија одржано на 23 јуни и е објавена на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Ова значи дека директорот Миле Атанасов може да очекува 240.000 евра по основ на награди за учество во управување со „Макпромет“ за овие две години.

Одлуката ја донел најголемиот акционер во фирмата – Миле Атанасов, кој истовремено е и член на директорскиот одбор и поседува 89,23 отсто од акциите со право на глас во таа штипска компанија.

Други 160 домашни физички лица, најголем дел вработени и порано вработени или нивни наследници во таа фирма, поседуваат уште 11 отсто од акциите во „Макпромет“.

Другите две членки во тричлениот директорски одбор на „Макпромет“: Пиха Стерјова, извршен член на одборот и Ленче Ѓорѓиева, неизвршен член ќе добиваат награда од по 5.000 денари месечно во периодот 2014 и 2015 година.

Фактор побара коментар за ваквата одлука од фирмата „Макпромет“ и директорот Атанасов, но тој не беше достапен да го објасни системот за наградување во неговата фирма.

Наградите за членовите на бордот ќе ги издвојуваат фирмата мајка „Макпромет“ со 20 отсто и фирмите ќерки: „Илинден 2002“ со 20 отсто исто како и „Жито Леб“, а „Европа“ ќе учествува со 40 отсто.

На последното акционерско собрание „Макпромет“ ги усвоил консолидираниот финансиски извештај, годишната сметка и ревизорскиот извештај. Добивката на компанијата изнесува 16,98 милиони денари за 2013 година.

Профитот на компанијата е 3 отсто од вкупните приходи кои изнесуваат 578,96 милиони денари. Вкупните трошоци на компанијата лани изнесувале 561,44 милиони денари.

„Макпромет“ Штип е основана на 29.12.1973 година. Својата дејност ја обавува преку четири друштва со ограничена одговорност кои се занимаваат со производство на кондиторски производи, производство на леб и бели пецива, графичка индустрија и трговија. Пренесувајќи го искуството низ повеќе генерации, Макпромет АД Штип денес е индустриска компанија која настапува на домашниот и странскиот пазар со широк асортиман. Книговодствената вредност на таа акција изнесува 2.853 денари според официјалните податоци на Македонската берза за хартии од вредност.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?