08 Декември, 2025
0.2638

МАКРОН: EУ умира, ако ја следиме нашата класична агенда, ќе исчезнеме од пазарот

Објавено во: Свет 03 Октомври, 2024 20:11

Добивај вести на Viber

ЕУ умира, вели францускиот претседател Емануел Макрон. 

Тој на берлинскиот глобален дијалог призна дека „Европската унија може да умре“, а потоа издаде уште пострашно предупредување за економската состојба на земјите-членки. Макрон тврди дека ЕУ претерано регулира и инвестира премалку и дека Кина и САД ги надминаа сите 27 земји-членки во однос на економските перформанси и инвестициите.

Како што пренесува Телеграф, Макрон нагласил дека „ние сме на прагот на многу важен момент“.

„Нашиот претходен модел е завршен. Имено, ние претерано регулираме и инвестираме премалку. Во следните две до три години, ако ја следиме нашата класична агенда, ќе исчезнеме од пазарот“, рече Макрон.

Тој ги повика земјите-членки да продолжат да го следат „пакетот на банкарската унија кој има за цел да обезбеди стабилност, безбедност и доверливост на банкарскиот сектор во еврозоната и низ ЕУ“.

Претходно, имаше едно предупредување објавено во извештајот на поранешниот италијански премиер и поранешен шеф на Европската централна банка Марио Драги.

Драги изјави дека ЕУ не може сама да се натпреварува со Кина и Соединетите Американски Држави и дека и треба многу поинтегриран единствен пазар за да создаде паневропски бизниси на глобално ниво. Извештајот на Драги, исто така, предлага поширока „индустриска стратегија за Европа“ која вклучува 800 милијарди евра за да се спречи ЕУ дополнително да заостанува зад САД и Кина.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев

Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев