20 Декември, 2025
0.0633

МАКРОН СТИГНА ВО БЕЛГРАД: Србија ќе купи авиони Рафал од Франција

Објавено во: Балкан 29 Август, 2024 21:17

Добивај вести на Viber

Србија и Франција потпишаа 12 документи за соработка, меѓу кои и договорот за набавка на авиони Рафал. 

Во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и на претседателот на Франција, Емануел Макрон, во Палатата Србија беа разменети 12 потпишани документи за соработка меѓу двете земји во повеќе области, меѓу кои и договорот за набавка на авиони „Рафал“, како и други стоки и услуги.

Се работи за Меморандум за разбирање меѓу Владата на Србија и Француската агенција за развој (AFD), што го разменија премиерот Милош Вучевиќ и генералниот директор на Француската агенција за развој Реми Риу.

Макрон два дена ќе престојува во Србија. Ова е втора посета на Макрон на Србија, по јули во 2019 година, кога двете земји одбележаа 180 години од воспоставување на дипломатските односи. Вучиќ беше во официјална посета на Париз во април во оваа година, а двајцата државници се сретнаа и за време на Олимписките игри во француската престолнина.

фото Фејсбук/Александар Вучиќ

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација