15 Декември, 2025
0.0786

МАЛА „ПАНИКА“ - Француската блокада и европската колебливост го „урнаа“ берзанскиот индекс

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Француската блокада и бескрајнта неизвесност дали земјава ќе добие датум за преговори за членство во Европската унија, го „урна“ македонскиот берзански индекс, МБИ 10.

Според дневните извештаи од Македонската берза, индексот паѓа токму откако стана јасно дека нашите шанси за Европа воопшто нема да одат така мазно како што претходно се очекуваше.

Информацијата дека Франција ќе постави сопирачка за земјва, со објаснување дека не е убедена во реформите што кај нас се спроведуваат, пристигнаа во четвртокот доцна попладнето, пред граѓаните да заминат да го прославуваат државниот празник.

Со оглед што Берзата во петокот не работеше, ваквото политичко разочарување не  можеше да се рефлектира веднаш врз пазарот на капитал.

Но затоа, „студениот туш“ пристигна во понеделникот. Целиот викенд неизвесност и нераѓањето плод на обидите на германската канцеларка Ангела Меркел да го разубеди францускиот претседтел Емануел Макрон во неделата вечерта, како да го струполи МБИ 10 на првиот ден од новата работна недела, па тој во понеделникот отиде надолу за 2,58 проценти. 

„Црвениот“ тренд индексот го продолжи и вчера, иако падот беше нешто поблаг. МБИ 10 отиде во минус за 1,22 отсто, со што тој се сведе на нивото од 4.256 поени. 

Паѓаа цените на акциите на речиси сите позначајни компании со чии хартии од вредност се тргува на Берзата, некои за помалку, а некои за позначајни проценти.

А ако се набљудува графиконот на берзанскиот индекс, може да се види дека во последните четири месеци, односно од средината на јуни па се досега, тој постојано имал нагорна вредност, иако и во четвртокот доживеа благо намалување во однос на претходниот ден.

Брокерите со кои разговаравме падот на МБИ 10 го поврзуваат исклучиво со неповолниот политички момент.

„Шпекулацијата е дека ќе има одредени проблеми, пролонгирања и неизвесност околу датумот за почеток на преговори на нашата држава со Европската унија. И тоа предизвика мала паника на Берзата. Односно, нагло се зголеми понудата на продажната страна, повеќе инвеститори почнаа да продаваат акции, а тоа доведе и до надолна корекција на цените на акциите.

Дилемите за тоа дали од стартот на идната година ќе се воведе или не данок на капиталните добивки немаат никаква врска со берзанскиот индекс. Ова од причина што од брокерската заедница веќе добиваат сигнали дека оданочување на капиталните добивки по стапки од 15 отсто, речиси е извесно дека од идната година нема да има.

„Според сите сигнали што ги добиваме од институциите, очекуваме дека данокот на капитални добивки од стартот на идната година нема да влезе на сила“, вели Коста Костадиновски, Илирика.

Брокерите очекуваат дека ако нашата „европска сага“ заврши успешно и земјава, сепак, успее да добие датум до крајот на неделава, тоа ќе се рефлектира многу позитивно и врз пазарот на капитал.

„Со добивање на датум за преговори и со расчистување на ова прашање, очекувам да продолжи позитивниот тренд на пазарот, особено што на почетокот на идната година треба да се официјализира и членството на земјава во НАТО“, вели Костадиновски.

Според него, во претходниот период индексот одеше нагоре заради добрите економски резултати на ниво на државава воопшто, добрите резултати на компаниите, но и поради солидните дивиденди кои беа исплатени заклучно со крајот на септември, што ја зголеми ликвидноста на пазарот. Костадиновски очекува дека земјава сепак ќе добие датум и овој поволен берзански тренд ќе продолжи.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден