Малала Јусафаи и Бил Клинтон номинирани за Нобелова награда за мир
Објавено во: Стил 04 Март, 2013 15:26
За овогодишната Нобелова награда за мир се номинирани рекордни 259 кандидати - 209 поединци и 50 организации, а добитникот ќе биде познат во октомври, соопшти денеска Нобеловиот институт со седиште во Осло.
Потпаролот на Институтот, Геир Лундстад информира дека номинации стигнале од целиот свет, што, според него, укажува на зголемување на интересот за оваа награда.
Претходниот рекорд за номинирани за Нобеловата награда за мир беше постигнат во 2011 година, кога биле номинирани 241 кандидати.
Меѓу останатите, на списокот на номинирани за наградата за оваа година се наоѓаат и Малала Јусафаи, Пакистанка која стана симбол на отпорот кон талибанците и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





