17 Декември, 2018
0.3250
    ALK 8219.33    0.26%     CEVI 920    -8%     GRNT 794.29    -0.73%     KMB 5049.17    0.5%     MPT 46714.29    0.07%     MTUR 4900    0%     OHB 6500    -0.26%     OKTA 4785    10%     RZIT 25    0%     RZLE 15    -28.57%     STB 1286.11    0.35%     STIL 121    0%     TEL 300    0.14%     TNB 14127.73    -0.37%     TTK 1245    -1.97%     ZPKO 2350    -17.54%

Малку ќе „одмориме“ од Антиката

Објавено во: Анализа 26 Јануари, 2018

Македонскиот премиер Зоран Заев во знак на добра волја на неговиот грчки колега Алексис Ципрас му вети дека ќе ги преименува скопскиот аеродром Александар Велики и автопатот Е-75 кој го носи истото име на античкиот војсководец.  Станува збор за структури кои беа преименувани откако беше извесно дека Македонија ќе добие вето од страна на Грција на самитот на НАТО во Букурешт 2008 година. 

Пред 10 години владата на Груевски за да го подигне националниот дух започна повеќе проекти кои критичката јавност ги нарече „антиквизација“ односно враќање на имињата на кралеви од античкото кралство Македон, со преименување на повеќе значајни државни објекти, меѓу кои и градскиот стадион во Скопје кој откако беше дограден го доби името „Национална арена Филип Втори“, па така кога на пример би гостувала грчката репрезентација во фудбал самиот меч би прошол во голема тензија и постојаното барање на грчките спортисти за санкции од страна на спортските меѓународни федерации поради (зло)употреба на симболи како на пример сонцето од Вергина во спортската сала во Прилеп за што дигнаа голем скандал. 

Исто така во тој период локалните власти исто така предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ иницираа промена на имињата на многу улици, а како повпечатливо остана преиуменувањето на легендарната скопска улица „Ленинова“ во „Аминта Трети“, назив кој и ден ден ги мачи таксистите, како и тие кои подолго време не биле во Скопје. 

Сосема извесно е дека со новата влада предводена од Заев ќе биде направена пауза со антиквизацијата бидејќи нема веќе да се градат нови споменици, ниту пак да се форсира некакво рекомпонирање на македонската култура и традиција со симболи кои се дел од едно предалечно минато, останато како дел од митот за Македонецот. 

Сосема извесно е дека автопатот ќе биде наречен „Пријателство“ и македонската влада се надева дека ќе придонесе за градење на доверба со грчкиот сосед и владата на Ципрас.

Името на скопскиот аеродром засега не е утврдено, но претходно имаше предлог и од самиот Зоран Заев да се вика Киро Глигоров во чест на првиот претседател на независна Република Македонија. Голем број на фанови пак, предложуваат да го носи името на поп иконата Тоше Проески кој почина премлад.

Останува уште горкото прашање дали споменикот на „Воинот на коњ“ за кој сите знаеме дека е на Александар Трети Македонски ќе биде дислоциран од скопскиот плоштад, одлука која секако би предизвикала нова серија на незадоволство кај македонскиот народ поради преземените отстапки во името на градење на добрососедски односи.

Автор: Христијан Станоевиќ