Добивај вести на Viber
Во Европската унија, во јули, прометот во малопродажбата пораснал за 0,1 посто на годишно ниво, додека пак, во еврозоната е намален за 0,9 посто, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Меѓу земјите-членки за кои имало податоци, во седум од нив е забележан пад на малопродажбата во однос на јули 2012 година, додека во 15 од нив малопродажбата пораснала.
Најголем пад на малопродажбата е забележан во Шпанија, за 6,9 посто, потоа во Cловенија 3,6 посто, во Романија 3,1 посто. Најголем пораст на прометот, пак, е забележан во Луксембург, за 27,5 посто, Литванија 6,7 посто и Полска 5,5 посто.
На месечно ниво, прометот во малопродажбата во 27-те земји-членки на ЕУ, во јули, паднал за 0,3 посто, а во еврозоната за 0,5 посто.
Еврозоната е во најдолга рецесија од воведувањето на еврото во 1999 година, поради што, невработеноста во овој блок е рекордно висока, а домаќинствата имаат се помал приход расположлив за трошење. Поради тоа, веќе подолго време слабее потрошувачката, што негативно влијае и на економијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.