23 Ноември, 2024
0.0191

Манчестер Јунајтед е најскапиот тим во светот, Реал му дише во врат

Објавено во: Спорт 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Манчестер Јунајтед го има најскапиот тим во светот. Според анкета на Центарот за спортски истражувања (CIES) во Швајцарија за фудбалерите на „Олд Трафорд“ се платени вкупно 718 милиони евра. Додадената вредност во однос на минатата сезона е во износ од 185 милиони евра - трансфер суми потрошени од клубот во текот на летото, се движат од рекордни во историјата 110 милиони евра за Пол Погба до нула за слободниот агент Златан Ибрахимовиќ.

На втората и третата позиција на листата се Реал Мадрид (634 милиони евра, плус 47 милиони евра во споредба со минатата кампања) и Манчестер Сити (611 милиони евра, плус 78 милиони евра).

Во топ 10 влегоа и францускиот гигант Пари Сен Жермен, кој е шести со 455 милиони евра, а Арсенал е на осмата позиција со 381 милиони евра.

Топ 10 најсакпи тимови според CIES:

1. Манчестер Јунајтед - 718 милиони евра

2. Реал Мадрид - 634 милиони

3. Манчестер Сити - 611 милиони

4. Барселона - 485 милиони

5. Челзи - 481 милиони

6. Пари Сен Жермен - 455 милиони

7. Јувентус - 395 милиони

8. Арсенал - 381 милиони

9. Баерн - 357 милиони

10. Ливерпул - 356 милиони.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.