07 Октомври, 2024
0.0267

Манчевски и Тевдовски: Стратешкото планирање и институционалната координација клучни за реформа во јавната администрација

Објавено во: Македонија 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, и министерот за финансии Драган Тевдовски, се обратија на настанот во организација на СИГМА, со наслов „Предизвиците во реформата во јавната администрација“.

Како што истакна министерот Манчевски, реформата на јавната администрација претставува континуиран процес на реорганизација на институциите во јавниот сектор и унапредување на нивниот капацитет. Тоа е и еден од клучните приоритети во процесот на европска интеграција на Македонија, како главен фокус во новата Стратегија за реформа во јавната администрација и Акцискиот план, усвоени во февруари годинава.

„Стратегијата за реформа во јавната администрација како прв документ изготвен до сега со акциски план, конкретни индикатори и буџет, се фокусира на креирање на политики и координација, јакнење на капацитети на јавна служба и управување со човечки ресурси, зголемување на одговорноста, отчетноста и транспарентноста и давање услуги и ИКТ поддршка на администрацијата“, посочи министерот Манчевски.

„Главната цел што треба да се постигне со Стратегијата е конечно граѓаните да добиваат побрзо, дигитализирано и поефтино услуги кои им се потребни за поквалитетен живот. Во тој контекст ќе се пристапи кон ре-инженеринг на услугите за нивна дигитализација, при што корисниците на услугите ќе бидат во центарот на процесот “, информираше министерот Манчевски. Тој се осврна и на тоа како дигитализацијата и намалувањето на човечкиот фактор ќе влијае и врз намалувањето на корупцијата.

Во насока на отворање на транспарентноста, министерот Тевдовски најави дека Министерството за финансии во моментов подготвува платформа со која јавноста ќе има увид во сите исплати од трезорот. Ќе се прават консултации со граѓанските организации и со медиумите.

„Изработен е нов закон за евиденција на обврски кој во моментов е во собраниска процедура. Во финална подготовка е софтвер во кој општините, јавните претпријатија и фондовите ќе ги евидентираат сите преземени обврски. На тој начин ќе има целосна отчетност за државните обврски и ќе се избегне нивно натрупување во иднина“, рече Тевдовски.

Претставниците од СИГМА и претставникот од директоратот за соседска политика и преговори за проширување при Европската Комисија, Давид Кулен, ги поздравија заложбите на Министерството за информатичко општество и администрација и на Министерството за финансии, во спроведување на реформата во јавната администрација  и управувањето со јавните финансии.

Можеби ќе ве интересира

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника