15 Декември, 2025
0.0350

МАНИЈАЦИ ИМА НЕ САМО ВО ЈАВНА СОБА: Струмичанец креирал албуми со слики од Фејсбук и ги објавувал на сајт за возрасни

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2021 14:15

Добивај вести на Viber

Очигледно дека не се правеле злоупотреби само во Јавна соба. 

Дваесет и шест годишен струмичанец преземал фотографии на четири жени од Струмица од социјалната мрежа од Фејсбук, по што креирал албуми и ги објавил на сајтот за возрасни „xHamster“. 

Откако тие за ова дознале, го пријавиле во Полиција.

„На 10.02.2021 Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.С. (26) од Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, по член 149 став 1 од Кривичниот законик“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тие објаснуваат дека Г.С. се сомничи дека во февруари 2020, без согласност од четири оштетени женски лица на возраст од 24, 25, 26 и 38 години, сите од Струмица, прибавил нивни лични податоци, односно фотографии, кои што оштетените лица ги имале претходно објавено преку нивните профили на социјалната мрежа „Фејсбук“ и ги искористил за да ги објави во албуми креирани од негов кориснички профил на сајтот за возрасни „xHamster“. 

„Четирите оштетени лица за делото дознале во втората половина на јануари 2021, кога и го пријавиле во Полициска станица Струмица.

На 09.02.2021, по претходно преземени оперативни мерки, а врз основа на наредби на Основен суд Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претреси на две локации во Струмица, на кои живее и престојува осомничениот, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, сопственост на осомничениот Г.С., кој е приведен во полициска станица, а обезбеден е и друг доказен материјал од интерес на постапката“, се вели во соопштението од Полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“