07 Октомври, 2024
0.0261

МАНУ: Aргументацијата на Македонија во разговорите со Грција треба да се заснова на два основни постулати

Објавено во: Македонија 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на МАНУ, Таки Фити во своето експозе на Годишното собрание рече дека Македонската академија на науките и уметностите апелира за изнаоѓање заемно прифатливо решение за прашањето за името и ги охрабрува политичките водства на Македонија и на Грција да ја преземат одговорноста  и храбро да се соочат со реалностите на времето и потребата за градење на перспективи за заедничка иднина. 

Фити вели дека аргументацијата на Македонија во разговорите со Грција треба да се заснова на два основни постулати.

„Едниот е дека наспроти аспирациите на Грција спорот за името да го димензионира во интернационален, тој според својата природа и суштина е билатерален (досега 137 земји не имаат признаено под уставното име) и за него се преговара под покровителство на ООН, што е гаранција дека мораат да бидат почитувани нормите и стандардите на ООН за меѓународниот статус на државите и човековите слободи и права. Другиот е дека предмет на расправа е само и единствено името, односно надминување на разликата за името на државата, а не и други прашања, особено не и идентитески прашања кои влегуваат во сферата на елементарни човекови права и за кои не се преговара“ - вели Фити.

Додава дека никој нема легитимно право да преговара за прашањето за националниот идентитет на македонскииот народ, за името на македонскиот јазик, за промената на Уставот на Република Македонија и за други прашања што навлегуваат во нашиот идентитет. 

„Предлозите името Република Македонија, или евентуално име со географска одредница, да се изговара како во македонскиот јазик и да се пишува само со латинско писмо, односно името на јазикот, македонски исто така да се пишува со латинско писмо и да се изговара како што тоа се прави во нашата земја, се апсурдни и неодржливи. Тие суштински гледано навлегуаат во идентетските прашања и според тоа за нас се комплетно неприфатливи“-  рече Фити.

За позицијата на Република Грција едно име за сите употреби (erga omnes) не треба да се разговара бидејќи, како што рече, тоа не е предвидено ниту со  Резолуцијата 837, ниту со Законот за ратификација на Привремената спогодба.

Можеби ќе ве интересира

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме