МАПА НА СВЕТОТ: Македонија обоена со окер боја
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Јуни, 2020
Македонија во окер, Србија обоена портокалова, Хрватска и Црна Гора во црвено.
На мапата на Њујорк тајмс земјите се класификувани според стапката на пораст на бројот на нови случаи во последните 14 дена.
Но, иако некои земји имаат низок број на заразени, се смета процентот на пораст на новозаболени во последните денови.
Американски Њујорк тајмс, на својата нова мапа на светот на која го следи ширењето на корона вирусот во светот Македонија ја означи со окер боја, што значи дека во последните две недели состојбата е речиси иста.
Затоа пак, од земјите во регионот Србија е портокалова, со слаб пораст на бројот на заразени, а Хрватска и Црна Гора се во црвено, што значи дека бројот на нови случаи е значителен.
Во портокалова боја, како и Србија означени се и Романија, Босна и Херцеговиниа, Бугарија и Албанија.
Во светот со црвена боја означени се Мароко, Киргистан, Екваторијална Гвинеја и Малави.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.